Масакрот кај Пуста кула е масовно убиство извршено од страна на бугарската окупациона полиција над седум припадници на Народноослободителното движење. Масакрот се случил на 14 септември 1942 година, во близина на селото Рудник, Велешко кај месноста „Пуста Кула“,Велес и Велешко во НОВ 1941–1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985. во близина на денешниот автопат Велес-Скопје.

Настан thumb|280px|Споменик кај Пуста Кула, Велешко thumb|280px|Спомен-плоча кај Пуста Кула, Велешко Бугарската полиција без пресуда стрелала и масакрирала седум припадници на Народноослободителното движење. Тие од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и стреланиВелешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. кај месноста „Пуста Кула“ на 14 септември 1942 во близина на селото Рудник, Велешко. Панче Пешев и Раде Бурчевски успеале да избегаат.Миле Тодоровски „Крвав ѕверски акт“, „Вардарски глас“, 15 октомври 1977, 11 стр.

Секоја година Општинскта организација на Сојузот на борците од Велес го одбележува датумот на овој злосторнички чин. Во април 2017 година на локацијата на масакрот била поставена спомен-плоча.„Одбележани 75 години од формирањето на Народноослободителниот одред 'Димитар Влахов'“, „Република“, 22.04.2017.

Жртви Во масакрот биле убиени: Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски, Душан Димитриевски и Камка Тоцинова од селото Рудник и Амед Лојков од селото Иванковци.„Одбележување на 72 годишнината од масакрот на Пуста Кула“

Наводи

Литература Миле Михајлов, „Еден документ за стралањето на група затвореници од скопскиот затвор во месноста Пуста кула – Велешко 1942“, во „Гласник на ИНИ“, 1977, бр. 1, 175-183 стр.

Надворешни врски Тихомир Каранфилов, „Стрелањето кај месноста „Пуста Кула“, „Македонска нација“, 4 јуни 2014.

П П П Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Велес во НОБ