Забрдени (, Лофи; до 1926 г. Ζαπύρδανη, Запирдани / Ζαμπύρδενη, Забирдени / Ζαμπύρδανη, ЗабирданиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζαπύρδανη - Λόφοι) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 355 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.
Географија Селото е сместено 24 км источно од Лерин, во источниот крај на Леринското Поле. Кежи во подножјето на ридот Веливор, еден од разграноците на Мала Ниџе во состав на Кајмакчалан. Заобиколено е со ридови (брда), на што го должи своето име. Крај него се наоѓа дабовата шума Ѓоница.Ο τόπος μου
Историја Североисточно од Забрдени во месноста Селиште се најдени наоди од керамика, но не се извриешни ископувања. Во месноста Симитрија има остатоци од стара населба.
Во Отоманското Царство Селото за првпат се спомнува во османлиски дефтер од 1481 г. како Забрдени со 80 домаќинства кои се занимаваат со одгледување на лозја, ореви и правење мед.Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 351. ISBN 2283604524.
Во даночните записници на христијанското население од Леринскиот вилает за 1626-27 г. селото е означено како Забурдани со 62 даночни домаќинстваТурски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции)“ ги опишал Забердин како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Забрдени (Zabrdéni) имало 60 домаќинства со 152 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 82-83.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Забрдени живееле 325 Македонци християни.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистик, София, 1900, стр. 249. На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија, која правела обиди да ја вкорени бугарската пропаганда во селото. По Илинденското востание на неколку наврати е напаѓано од грчката вооружена пропаганда (андартите). По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 344 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Забрдени се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 43 куќи.
Во 1905 г. селото пострадало од андартски напади.Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 64. Истата година овие гркомански и грчки единици ја запалиле големата селска црква „Св. Никола“ — камена базилика без купола со женска црква (емпора).
Според Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото имало 40 куќи.
Во Грција За време на Првата балканска војна во 1912 г. кај Забрдени грчката армија претрпила пораз од силите на Џавид-паша и времено се повлекла.Спомени на Георги Поп-Христов. Подоцна селото е окупирано од грчка војска. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога Забрдени броело 358 жители. Во 1916 г. за време на Првата светска војна селото за кратко е окупирано од бугарската армија. Во 1920 г. во селото се попишани 306 лица. Во 1926 г. властите го преименувале во Лофи, што значи „ридови“, како своевиден превод на македонското име. На пописот од 1928 г. е забележан пораст на 417 жители. Во 1932 г. според грчките влати во Забрдени се заведени 71 македонојазични семејства, од кои 60 биле со изјавена македонска национална свестНарекувајќи ја нивната свест „бугарска“ поради грчкото непризнавање на македонскиот идентитет.
Меѓу двете светски војни само незначителен број на жители се иселиле во прекуокеанските земји и Бугарија. На пописот од 1940 г. Забрдени имало 516 жители. Во април 1941 г. селото е окупирано од бугарската војска и воспоставена е бугарска општинска власт.Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 489.
Според грчки податоци од 1945 г. во селото има 597 македонојазични жители, од кои 400 со „негрчка национална свест“, 50 наводно со „грчка“ (што е сомнително) и 147 со „неутврдена“. Забрдени не настрадало позначајно во Граѓанската војна, па затоа од него во Р Македонија и источноевропските земји се иселиле само четири семејства и извесен број поединци. Намалувањето на населението во следните периоди се должи на иселување во прекуокеанските земји.
Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е одлично зачуван.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Во средината на октомври 2008 г. жителите на селото одржале протести против воената вежба на грчката армија што требала да се одржи во непосредна близина на селото, како и против приведувањето на македонски новинари. Ова предизвикало интервенција од грчката полиција, приведувајќи 4 лица, а едно било полесно повреденоhttp://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AA9BC53B3B58DE4886A2AF7B9107F49C. Прекршочни пријави за овие инциденти биле покренати против 7 жители на ЗабрдениНапис во „Дневник“.
Цркви Селото има две цркви:Портал на поранешната Општина Овчарани „Св. Константин и Елена“ „Св. Димитрија“
Селска слава е Митровден.
Население
Родови Според истражувањата на Боривое Милоевиќ од почетокот на XX век, во Забрдени се забележуваат следниве староседелски родови:
Ташемини (7 куќи), Мицковци (3 к.), Настасовци (5 куќи), Крстовци (2 куќи), Стефо Јован (1 куќа), Костадиновци (3 куќа), Кирковци (4 куќи), Наце Гиче (1 куќа), Мицевци (2 куќи), Илија Дело (1 куќа), Дафо Јане (1 куќа), Мицо Василов (1 куќа), Петко Аврам (1 куќа), Трпчевци (3 куќи), Таше Мине (1 куќа), Танчии (1 куќи) и Ташовци (3 куќи).
Дојденци се потомците на Овчарец (1 куќа), доселен од селото Овчарани.
Стопанство Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Главни производи се житото и тутунот.
Личности Георги Динев (? – 1903) — револуционер, деец на МРО Дине Ташеминов (? – 1903) — револуционер, војвода од МРО Кочо Ташоминовски (1922 – 1948) — комунистички дееец Надја Тас (р. 1956) — австралиска режисерка и глумица
Поврзано Леринско Поле
Наводи
Категорија:Лерин