Штрково (, Плати; до 1927 г. Στύρκοβα, СтирковаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Στύρκοβα - Πλατύ) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 85 жители (2021). Сè до Грчката граѓанска војна било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото е сместено во областа Голема Преспа, 39 км северозападно од градот Лерин. Лежи во подножјето на планината Бела Вода, 3 км североисточно од Малото Преспанско Езеро. Распослано е на гола висорамнина, обиколено од разграноците на Бела Вода наречени Плоштина, Под Присо, Рамне и Осо.
Атарот зафаќа околу , од кои дел отпаѓа на рамничарско обработливо земјиште, дел на ридско-планинско обраснато со ретка дабова и букова шума и дел на одлични планински пасишта (сообено во месностите Плоштина, Осоо, Присоо и Горни Печкоец). Според Тодор Симовски, селото има уште кои се под вода во Малото Преспанско Езеро.
Штрково се дели на три маала: Горно Маало на исток, Долно Маало на запад и Онака (Странично Маало) на југ. Крај селото тече Сува Река, која е мала и лете има доста намален тек, но знае да надојде и направи наплив при присуството на поројни дождови поради стрмнината на земјиштето.
Во самото село се вкрстуваат повеќе улици, кои се среќаваат во сретселото каде има базен во кој се фрлал крстот за Водици.
Топонимија Ова е список на позначајните топоними во атарот на Штрково:
Историја Подалечно минато Источно од селото, на просторот помеѓу него и месноста Рамништа се пронајдени парчиња од ќерамиди, тули, јагленисани дрва и други предмети, од што може да се заклучи дека во подалечното минато таму имало населба.
Во Отоманското Царство Селото за првпат по име се споменува во османлискиот записник од 1568/69 г. за Горичката Каза, а потоа и во Слепчевскиот кодик од истиот век. Спомнато е и во патописот на Јохан Хан 1865 г.
Малата селска црква „Св. Спас“ е изградена од 1591 г.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 160 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.242. Следната 1902 г. Л. Огненов завел 22 куќи 170 вкупно жители..
За време на Илинденското востание селото учествувала со своја чета под водство на Божин Чантаро. При задушувањето на востанието, населението го напуштило и два месеци се криеле длабоко во планината. Во борбите и прогоните загинале неколку мештани. Од ова село потекнуваат Илија Цветков и Крстан Петров, кои учествувале во Кресненското востание од 1878-79 г. и Илија Цветков, кој бил претставник во Националното собрание на кое е избрана Привремената влада на Македонија во 1880 г.
По востанието во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр.125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Штрково (Chtarkovo) имало 176 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 170-171.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Штрково се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 32 куќи.
Припојување кон Грција За време на Балканските војни во селото се доселиле неколку семејства од поранешното село Опаја, кое било 2 км западно од Штрково крај езерскиот брег. Во 1913 г. Ѓорѓи Трајчев 20 куќи и 2011 жители, а исто толку куќи забележал и Боривое Милоевиќ. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година имало население од 170 жители кое во 1920 г. се зголемило на 215. Нешто подоцна неколку штрковчани биле испратени како војници на боиштата во Мала Азија во Грчко-турската војна (1919-1922). Во 1927 г. е преименувано во Плати (со значење „широко“). На пописот во 1928 г. во Штрково се заведени 253 жители.
Во овој период грчките власти воделе жестока политика на денационализација и асимилација на населението, придружена со забрани и казни.
Во Втората светска и Грчката граѓанска војна За време на Втората светска војна Штрково влегло во окупациската зона на Италија по капитулацијата на Грција во Грчко-италијанската војна. Во таа војна, на фронтот во Албанија биле мобилизирани 15 штрковчани, од кои загинал еден. По капиулацијата на Италија во 1943 г. Штрково станало слободна територија на НОАВМ и ЕЛАС, во чии партизански одреди се приклучиле четворица мештани од Штрково.
Населението на Штрково дало значаен отпор во Грчката граѓанска војна со 45 борци, од кои 15 загинале во борбите. Во текот на војната од селото се иселиле 47 семејства со вкупно 214 жители. На нивните имоти властите населиле 14 семејства грчки колонисти од Епир, кои претходно биле доселени во селото Ошени во Костурско. По 1949 г. во Штрково останале само 7 македонски семејства, а некои од нив подоцна се преселиле во прекуокеанските земји.
Во 1947 г. е отворено училиште на македонски јазик, кое замрело со протерувањето на населението.
Родови Според податок од 1949 г. во селото живееле следниве семејства: Босилковци, Гроздановци, Дробиштани (доселени од с. Дробитишта), Ѓорговци, Костовци, Костадиновци (доселени од с. Опаја), Клинчаровци, Кирјаковци, Каптелови, Крстиновци, Келепуровци, Миовци, Муневци, Ноачевци, Настевци, Нолевци, Пачовци, Ристовци, Ќосевци и Чантаровци.
Население
Цркви Во селото постојат три цркви и две ваковчиња: Цркви „Св. Ѓорѓија“ — во западниот од селото изградена меѓу двете светски војни; има иконостас и камбанарија; тука се селските гробишта „Св. Преображение“ („Св. Спас“) од 1591 г. Ваковчиња „Св. Илија“ — околу 0,7 км јужно од селото, во месноста Бресје „Св. Никола“ — 1 км северно од селото, во месноста Долни Печкоец
Традиционална селска слава е Спасовден (или Сотировден), на 19 август (6 август по стар стил). На празникот се служела риба бидејќи се јавува за време на пости.
Стопанство Селото е доста богато. Се произведуваат големи количества жито, леќа, грав и други земјоделски производи. Доста развиено е и сточарството.
Традиционално, селото се занимавало со полјоделство, сточарство, риболов и печалбарство. Најзастапени полјоделски производи биле житарките, лозниците, градинарските култури (зеленчук и ниско овошје) и тутунот. Се чувал разновиден добиток, а рибата се ловела во Малото Преспанско Езеро на различни начини.
Личности Починати во Штрково Иван Кафеџијата (? – 1903) — македонски револуционер Спиро Преспанчето (1870-ти - 1903) — разбојник и револуционер Гоче Трајков — револуционер на МРО, војвода на чета од Долна Преспа во 1911 г.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 170. Јане (Георгијади) Костовски (1930 – 1948) — комунистички деец Ѓорѓи Георгијадис (? – 1949) — комунистички деец
Поврзано Голема Преспа
Наводи
Категорија:Преспа (општина)