„Македонско девојче“ — македонска народна песна на Виолета Томовска, компонирана и напишана од Јонче Христовски во 1964 година.Kolar-Panov, D. (Routledge, 1997) "Video, war, and the diasporic imagination", p.60
Текст Македонско девојче, како што првично е напишано, се состои од четири строфи. <poem>Прва строфа: Македонско девојче, китка шарена, во градина набрана дар подарена.
Рефрен: Дали има на овој бели свет поубаво девојче од Македонче? Нема, нема, не ќе се роди поубаво девојче од Македонче.
Втора строфа: Нема ѕвезди полични, од твоите очи, да се ноќе на небо ден ќе раздени.
Рефрен: Дали има на овој бели свет поубаво девојче од Македонче? Нема, нема, не ќе се роди поубаво девојче од Македонче.
Трета строфа: Кога коси расплетиш како коприна лична си и полична од самовила.
Рефрен Дали има на овој бели свет поубаво девојче од Македонче? Нема, нема, не ќе се роди поубаво девојче од Македонче.
Четврта строфа: Кога песна запее славеј натпее, кога оро заигра срце разигра.
Рефрен: Дали има на овој бели свет поубаво девојче од Македонче? Нема, нема, не ќе се роди поубаво девојче од Македонче.</span></poem>
Наводи
Надворешни врски
Фолклористички студии
Категорија:Македонски песни Категорија:Авторски песни Категорија:Песни на македонски јазик Категорија:Појавено во 1964 година во Македонија Категорија:Појавено во 1964 година во Југославија