Милја () — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото има 205 жители.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на околу 15 километри северно од градот Гребен. Современото село Милја е изградено во средината на 1960-те години на 1,5 километар на север од дотогашното село Милја.
Историја Во 1963-1964 година со цел да се избегнат честите појави на свлечишта, жителите од селото Милја се иселени на 1,5 километар на север во новооснованото село Милја. Оттогаш старото село се нарекува Стара Милја (Παλιά Μηλιά, Палија Милја). Во него е сочувана црквата „Свети Димитар“ од 1900 година.
Демографија Пописи
Стопанство Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Гребен
Категорија:Гребен (општина)