Блачен или Блатчен (, Ахладија; до 1927 г. Μπλάτσεν, Блацен) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.

Географија Селото се наоѓа северозападно од Драма и североисточно од Зрново, близу десниот брег на Места.

Историја Во Отоманското Царство Во регистар од XV и почетокот на XVI век Блачен (Плачани) са води со 47 глави на домаќинства. Во скратен регистар од 1530 г. село Блачане се води со муслимани: 2 домаќинства, ергени — 7; немуслимани: 58 домаќинства, ергени – 14; вдовици – 5.

Во XIX век Блачен било муслиманско село во Неврокопската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Блачен (Blatchen) имал 30 домаќинства на 80 жители Турци.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Блатчен (Блатченъ) живееле 200 Турци.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 339 жители, а во 1920 г. попишани се 270 лица.

Во 1923 г. жителите на Блачен се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки колонисти дојдени од таа земја. Во 1927 г. селото е преименувано во Ахладијас (Αχλαδιάς), во превод Круша. Во 1928 година Блачен е претставен како чисто дојденско село со 125 грчки дојденци (32 семејства) од Турција.

Во мај 1944 г. селото е опожарено од бугарска војска, а населението е депортирано во Бугарија.

Населението се вратило, но во Граѓанската војна е повторно повлечено во полето, овојпат од грчките власти.

Селото произведува тутун и други земјоделски култури, а се занимава и со сточарство.

+ Месности во Блачен преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Ракан Ρακὰν Ипсома Υψωμα месност Ј од Блачен Весеник Βέσενικ Кидониес Κυδωνιὲς врв (1.260 м) Ј од Блачен Боаз Μπογὰζ Стенорема Στενόρεμα

Население

Наводи

Категорија:Неврокоп (Егејска Македонија)