Дизмикли или Дебизмакли ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Πηγάδια — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 16 километри источно од градот Драма и на 11 километри североисточно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 215 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 234 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.. Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 331 жител
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 г. селото е преименувано во Пигадија.
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 82 грчки семејства со 317 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 359 лица, додека во 1940 година селото броело 394 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 381 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 395 жители, во 1971 година имало 273 жители, во 1981 година имало 243 жители, додека во 1991 година имало 204 жители. Денеска, населението на селото е 208 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Категорија:Доксат