Градиште (, Кирос, до 1926 г. Παλαιόκαστρο, ПалеокастроΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παλαιόκαστρο -- Κύρρος) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во Солунското Поле, в подножјето на планината Пајак, 11 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Градиште е изградено на местото на древномакедонскиот град Кир.

На почетокот на XX век Градиште е заведено како мало селце во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Градиште (Паликастра) броело 106 жители Македонци.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Градиште било македонско со 10 куќи.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 75 жители, а во 1920 г. веќе имало двојно повеќе луѓе — дури 139 лица. Во 1920-тите властите довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Кирос (грцизиран облик на Кир), согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1928 г. селото имало 125 жители, од кои 70 биле грчки дојденци, а останатите Македонци.

Околу 1930 г. сите жители го напуштиле селото. Од Македонците, девет семејства се преселиле во В’дришта и едно во Сарбегово, а дојденските се прибрале во соседното Обор.

Поврзано Кир (стар град) Солунско Поле

Наводи

Категорија:Историски села во Постол