Романово или Орманово (, Дасеро; до 1926 г. Ορμάνοβο(ν), Орманово(н)) — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓало на југоисточните падини на планината Пајак, меѓу селата Геракарци на североизток и Цигарево и Радомир на југозапад.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Романово било чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. На австроунгарската воена карта е означено како Орманово (Ormanovo), а на картата на Кондојанис се води како Ормановон (Ορμάνοβον), христијанско село.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Романово живееле 60 Македонци христијани.
По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Романово имало 30 семејства сочинети од 155 жители Македонци, од кои 105 биле чифлигари.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Романово пред Балканските војни имало 60 куќи на Македонци муслимани.
Во Грција По Балканските војни селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска и муслиманска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Орманово (Ορμάνοβον) е заведено како село со 20 жители (11 мажи и 9 жени).
Во 1924 г. христијаните се иселени во Бугарија, а муслиманите во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1920-тите на нивно место власта довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Дасеро. Во 1928 г. Романово се води како чисто дојденско село со 14 семејства сочинети од 72 жители. Малку подоцна селото се распаднало кога неговите жители се иселиле во други села во отсуство на пристојни услови за живот.
Наводи
Категорија:Историски села во Пајонија (општина)