Аиево или Ајово, познато и како Ехлово или Јахали (, Акропотамос; до 1927 г. Γιαχαλή, ЈахалиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαχαλή -- Ακροποταμιά) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 596 жители (2011).
Географија Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар. Лежи 40 км северозападно од Солун и 14 км североисточно од градот Куфалово.
Историја
Во Отоманското Царство На крајот на XIX век Аиево било македонско село во Солунската Каза. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. погрешно го води Ехлово живееле 112 Турци и 48 Роми. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Аиево имало 32 жители Македонци. Во својот патопписен попис, Боривое Милоевиќ завел 15 македонски и 5 турски куќи.
Во Грција Во Втората балканска војна целото село пребегало преку граница за да се спаси од свирепоста на грчката војска. При неговото припојување кон Грција согласно Букурешкиот договор истата година тоа се води како напуштено. Малку подоцна во него се доведени грчки доселеници кои во 1920 г. броеле 50 лица. По 1922 г. се доселени уште грчки колонисти, за во 1928 г. да нарасне на 438 жители. Во 1927 г. селото е преименувано во на Акропотамија, што а алтернативно на денешното Акропотамос. Според друг грчки податок, во 1928 г. селото имало 377 жители од 97 семејства.
Население
Стопанство Селото важи за мошне богато поради неговата положба во поле. Се произведуваат памук, жито и други култури, а развиено и е краварството.
Поврзано Вардарија
Наводи
Категорија:Илиџиево