Горно Турманли (, Ано Родонија; до 1926 г. Τουρμανλή, ТурманлиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τουρμανλή -- Ροδωνιά) — поранешно село во Воденско, Егејска Македонија, денес населба на селото Биџова Маала во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè со 1920-тите било населено со Турци, а денес е населено со грчки дојденци и едно македонско семејство.

Географија Горно Турманли е сместено во средиштето на котлината Меглен, 4 км југозападно од С’ботско. Денес е дел од селото Биџова Маала, а во минатото било дел од селото Турманли во кое било маало заедно со Долно Турманли.Дем Мъглен

Историја Во Отоманското Царство Селото е релативно ново, подигнато од Турци сточари од народноста Јуруци. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена в Цариград се вели дека во 1873 г Турман (Tourman) било село во Воденската Каза со 27 куќи на 96 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 – 157.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Торомин Махале живееле 225 Турци. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни Турманли (Горно и Долно) имало 35 турски куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото Турманли (сочинето од двете маала) е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. броело 338 жители, кои во 1920 г. спаднале на 282. Во 1920-тите населението на Турманли е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од таа земја. Во 1926 г. е преименувано во Ано Родонија.

Според пописот од 1928 г. селото Турманли било наполно дојденско, со 261 грчки дојденец од вкупно 65 семејства. Во таа пописна година Горно Турманли почнало да се брои како одделно населено место, со 103 жители, кои во 1940 г. стамнале 127. Во 1951 г. населението двојно се намалило, и сега имало 63 жители. Селото покажува периоди на наизменичен раст и опаѓање сè до 1991 г. кога имало 85 жители. Во текот на следното десетлетие веќе престанало да се смета за одделно место и почнало да се вбројува кон Биџова Маала како нејзина населба.

Население

Стопанство Земјиштето целосно се наводнува и затоа дава високи приноси. Главни производи се житото, гравот, овошјето, грозјето и др.

Поврзано Долно Турманли Меглен

Наводи

Категорија:Меглен