Акманџали или Апанџали (, Акманѕали) — поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кукуш во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на Рамна, во падините на планината Круша, на надморска височина од 450 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Акманџали било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Апанџали имало 100 жители Турци.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото се настрадало за време на војните, поради што не е евидентирано во пописот од истата година и понатаму не било обновено.

Наводи

Категорија:Историски села во Кукуш