Врагитурци (, Сотируда, до 1927 Βεργιατούρ, Вергатур)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Σωτηρούδα — поранешно село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓало на 11 километри северозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓало на надморска височина од 80 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Врагитурци се состоело од 30 семејства со 147 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 160-161. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Врагитурци имало 147 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 152 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна и Првата светска војна, селото настрадало а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија и Македонија.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година и 1920 година, селото било евидентирано како напуштено.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Сотируда., додека дел од земјиштето било откупено од грчки великопоседници. Поради тоа, на пописот од 1928 година, селото броело 101 жител.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 101 жител бегалец.. По овој период започнал период на целосно напуштање на селото од страна на неговите жители.

Наводи

Категорија:Историски села во Кукуш