Бела Црква (, Аспроклисија; претходно Μπελατσέρκβα, БелацеркваΠΛΜ 11:442) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.

Географија Селото се наоѓа ов најисточните пазуви на планината Одре во областа Костенарија, на 6 км јужно од Рупишта. Меѓу Бела Црква и соседното село Нестиме има праисториска скаменета шума.

Историја Во Отоманското Царство Црквата „Св. Атанасиј“, сместена на половина километар западно од селото крај патот за Нестиме, е изградена во 1851 г., но во неа има зачувано поствизантиски икони од постар храм. На крајот од XIX век Бела Црква било македонско село во Населичката Каза. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бела Црква имала 210 жители Македонци христијани.

На почетокот на XX век жителите на Бела Црква биле под врховенството на Цариградската патријаршија. Според Христо Силјанов во април 1904 г. Бела Црква прешла под врховенството на Бугарската егзархија. Во 1904 г. при реорганизацијата на Костенариот револуционерен реон по Илинденското востание, во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 240 Македонци под патријаршијата.

Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Бѣла-Църква во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката Каза.

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Аспроклисија (Ασπροκκλησιά) во 1910 г. имало околу 30 македонојазични семејства „со грчка свест“ (во реалност, не можеле да ѝ се спротивстават на патријаршијата). Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 18 машки ученици.

Според Георги Константинов Бистрицки Бела Црква пред Балканските војни имала 40 македонски куќи, а според Георги Христов покрај македонските, имало и една влашка. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни во Бела Црква имало 25 куќи на Македонци христијани и 4 куќи на погрчени Македонци или Власи. Во селото никогаш не биле доселени грчки колонисти.

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Бела Црква (Бѣла църква) е означена како македонско село.

Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 257 жители. Во 1920 г. бројот останал непроменет. На пописот од 1928 г. во Бела Црква се заведени 273 лица.

Селото настрадало во Граѓанската војна, кога еден дел жителите го напуштиле. По војната бројот на жители закрепнал.

+ Месности во Бела Црква преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Бајраци Μπαϊράτσι Керасотопос Κερασότοπος

Население

Наводи

Категорија:Рупишта