Вилјан (, Левкадија; до 1927 г. Βίλιανη, Вилјани) — поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Горуша во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во областа Населица, во Шишанската Котлина, на левата страна на Мирих, југозападно од гратчето Селица, на надморска височина од 700 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во ХІХ век Вилјан било грчко чифлигарско село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Вилјан (Вила) живееле 50 Грци-муслимани (Валахади).
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото е заведено како напуштена чифлигарска населба, а во пописот од 1920 г. со 11 жители. Во 1927 г. името на селото било променето во Левкадија (Λευκαδιά). На 16 мај 1928 г. е избришано од евиденција.
Наводи
Категорија:Горуша (општина)