Моласи (, Дијалекто̀ или Διαλεχτό, Дијалехто; до 1955 г. Μόλαση, Моласи) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Селото до денес е македонско, но погрчено.
Географија Селото е сместено на 20 км јужно од Рупишта, на левиот северен брег на реката Беливод. Атарот зафаќа површина од . Малку понадвор од селото на еден рид стои црквата „Св. Никола“, изградена во 1874 г. врз темелите на стар храм.
Историја Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Моласи било мало македонско село во Населичката Каза, во процес на конечно погрчување. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моласи имало 150 жители Македонци, и целото население било двојазично — сите мажи добро го владееле грчкиот, но домашен јазик сè уште бил македонскиот.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Моласи е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 19 куќи.
На почетокот на XX век целото население на Моласи било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Моласи имало 152 Македонци под патријаршијата, нарекувајќи ги „гркомани“.
Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Моласи во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката Каза.
На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Моласи е ознечано како „грчко“ (т.е. погрчено) село.
Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во составот на Грција. Истата 1913 г. Моласи имало 157 жители, а на следниот попис од 1920 г. селото се води со 156 жители. Во 1928 г. тоа нараснало на 197 лица. Во 1955 г. селото е преименувано во Дијалекто.
Жителите традиционално произведуваат жито, тутун и компири, а делумно се занимаваат и со сточарство.
+ Месности во Моласи преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Божишта Μποζίστα Панагија Παναγίαрека на С од Моласи, лева притока на Беливод Чабурнија Τσαμπουρνιά Итиес Ίτιές Ситка Σίτκα Вурло Βούρλο
Население
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Рупишта