Сирочани или Сирхан (, Левки; до 1927 г. Σαρότσανη, Сароцани) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, на 20 км западно до градот Лапчишта и околу 16 км северозападно од селото Цотил, во падините на планината Горуша, на надморска височина од 770 м.
Историја
Во Отоманското Царство По името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Сирочани било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Сирочани живееле 210 Грци-муслимани (Валахади).
На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Сирчани е означено како грчко село.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 255 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 205.
Во 1923 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор и на негово место се доведени Грци од Понд. На нивно место се населиле 44 бегалски семејства (вкупно 160 бегалци), така што селото станало бегалска населба.
Во 1927 г. името на селото било променето во Левки (Λεύκη).
Стопанство Населението одгледува жито, компири, тутун и други земјоделски производи, а внимание му посветува на сточарството.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лихнадес, во кој влегува и истоименото село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Никола“ Црква „Св. Димитриј“ — изградена во 1976 г.
Наводи
Категорија:Горуша (општина)