Конуј или Кунуј (поретко се сретнува како Коњуј, Конуф или Коњух; , Дросеро; до 1927 г. Κονούφι; до 1955 г. Έλος, Елос) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 202 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено со Македонци и Турци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Сариѓол, околу 9 км северозападно од градот Кајлари, во самото подножје на Кајларски Рид, на надморска височина од 650 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Конуј било мешано македонско-турско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Конуј (Konuï) имало 50 домаќинства со 40 жители Македонци и 110 муслимани.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Конуј:

Од 1890 до 1902 г. селски учител во Конуј бил мештанинот Никола Апчев. Апчев повторно предавал во родното село во периодот 1908–1912 година, а потоа тука служел како парохиски свештеник.

Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов го посетил Кајларско и забележал дела Конуи било македонско село. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Конуј имало 535 жители, од кои 270 Македонци и 265 Турци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Конуф (Конуј) е претставено како мешано македонско-турско село во Кајларската Каза на Серфиџенскиот Санџак со 100 куќи.

Во текот на Илинденското востание, Конуј бил вклучен во мокренскиот центар. Анастас Симеонов од Мокрени ја опишува состојбата во селото пред Востанието вака:

На почетокот на XX век македонското население на Конуј потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Конуј имало 240 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 464 жители, кои во 1920 г. се свеле на 462 лица. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека околу Првата светска војна Конуј имал 30 македонски, 40 турски и три куќи на Роми христијани.

Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени повеќе бегалски семејства (вкупно 234 бегалци) од Мала Азија. Така, во 1928 г. селото е забележано како мешано македонско-грчко село, од кои 58 семејства (235 лица) биле грчки дојденци, а остатокот староседелци Македонци. Во 1927 г. името на селото било променето во Елос (Έλος), во превод „блато“. Во 1955 г. е одново преименувано, овојпат во Дросеро (Δροσερό), во превод „свежина“.

Во документ на грчките училишни власти од 1 декември 1941 г. се посочува дека Конуј се состои од 50 „туѓојазични“ и 80 бегалски семејства. Според Тодор Симовски, соодносот меѓу мештаните и дојденците бил 1 на 3. +Места во заедницата Конуј преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписБрдоΜπόρντοХаракоматаΧαρακώματαврв на Кајларски Рид на исток (804 м)БариΜπάρεςЛакесΛάκκεςврв на Кајларски Рид на југ

Стопанство Селото е мошне богато, поради што и иселувањето е сведено на минимум. Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а доста е развиено и сточарството, посебно краварството.

Население

Личности Родени во Конуј

Атанас Пуљов (1879 – 1903) — револуционер, учесник во Илинденското востание; Благој Касабов (1898 – 1925) — политичар во Бугарија; Марко Касабов (1869 – 1943) — деец на ВМОК и ВМОРО; Никола Апчев (1873 – 1939) — свештеник, учител и револуционер; Петар Апчев Чорбаџи — член на уќуматот во Кајлари; и Симо Хр. Касабов (? – 1903) — револуционер, учесник во Илинденското востание.

Наводи

Категорија:Еордеја