Гвоздово или Ѓувезна (, Асирос, до 1926 г. Γιουβέσνα, Гивезна)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Άσσηρος — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.843 жители (2021).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри северозападно од градот Лагадина и на 22 килиметри северно од Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 196 метри.
Историја
Старата црква во селото е „Св. Илија“, а новата, чија изградба започнала во 1990 година е „Св. Константин и Елена“Каракасиду 2008, с. 32 – 35.. Според податоци на локалната управа, црквата Свети Илија била изградена во 1810 година, но Анастасија Каракасиду, автор на монографијата за историјата на селото, повикувајќи се на информациите од францускиот патник Еспри-Мари Кузинери, смета дека во тоа време населбата е претежно муслиманскаКаракасиду 2008, с. 77– 78.. Таа наведува дека христијанското население се населило кон средината на XIX век, кога селото било претворено во мало гратче, една од двете постојки за ноќевање на патници меѓу Сер и Солун. Меѓу доселениците имало значителен број Грци или погрчени Власи од ТрикалаКаракасиду 2008, с. 81..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 80 семејства со 378 жители ГрциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 360 Турци и 500 жители ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 171.. Според Васил К’нчов, населението не било грчко, туку се работи за погрчени Македонци.
Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 650 Грци и работело грчко училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197. Според Каракасиду во селото пред 1912 година живееле и македонски христијаниКаракасиду 2008, с. 49.. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија селото било една од базите на грчките чети, во него нашле засолниште бегалци од промакедонските села, како АјватовоКаракасиду 2008, с. 145-176..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Асирос.
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) по кое било предадено на бугарските сили. За време на окупацијата селото станало место на одделни судири меѓу спротивставените организации Народноослободителен фронт и Ослободителната организација во која се вклучиле локалните селани. Од септември 1944 година според Договорот од Варкиза во почетокот на 1945 година селото било под контрола на Народноослободителниот фронтКаракасиду 2008, с. 258-260..
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Илија“ од 1810 г. Црква „Св. Константин и Елена“, започната во 1990 г.
Личности Родени во Гвоздово Фотиос Давас (Φώτιος Ντάβας)Μάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903 – 1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 44 Христос Цулис (Χρήστος Τσούλης)
Наводи
Категорија:Лагадина