Маврово (, Мавруда; до 1927 г. Μαύροβο, Маврово) — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Маврово бил дел од општина Маслар.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 33 километри западно од Ставрос и 70 километри источно од Солун, во централниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 360 метри во јужните делови на Богданска Планина, над Бешичкото Езеро (Волви), на северниот брег на Мавровско Езеро.

Маврово опфаќа површина од 23 квадратни километри..

Историја Отоманско Царство

Во XIX век Маврово било село во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170..

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година селото имало 151 жител. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население заминало од своите домови.

Во 1927 година селото било преименувано во Мавруда.

Демографија

Во 1928 година селото било мешано со 240 жители бегалци и 69 семејства., додека во 1940 година селото броело 471 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 504 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 680 жители, во 1971 година имало 550 жители, во 1981 година имало 522 жители, додека во 1991 година имало 409 жители. Денеска, населението на селото е 375 жители според пописот од 2011 година.

Знаменитости Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ од 1951 г.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик

Категорија:Бешик