Хаџи Маала (, Пенде Врисес; до 1927 г. Χατζή Μαχαλέ, Хаѕи МахалеΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Πέντε Βρύσες) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 302 жители (2021).

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 452 метри.

Историја

Во XIX век Хаџи Маала е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 80 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170..

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 178 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 328 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Пенде Врисес.

Население

Во 1928 година селото броело 134 жители., додека во 1940 година селото броело 260 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 288 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 318 жители, во 1971 година имало 28 жители, во 1981 година имало 317 жители, додека во 1991 година имало 344 жители. Денеска, населението на селото е 322 жители според пописот од 2001 година.

Културни и природни знаменитости Манастир „Св. Троица“ од 1969 г.

Наводи

Категорија:Лагадина