Mozilla Firefox (македонски „огнена лисица“, транскрипција: Мозила фаерфокс) — популарен прелистувач којшто спаѓа во категоријата на слободен софтвер, или софтвер со отворен код. Некои од можностите на Firefox се: прелистување со јазичиња, блокирање на несакани скокачки прозорци, активни обележувачи, интегрирано пребарување со Google или било кој друг сличен сервис кој ќе го додадете и огромен број на проширувања кои можете сами да ги инсталирате за да го прилагодите Firefox на своите потреби.
Firefox работи на оперативните системи Windows, Linux и Mac OS X. Mozilla Firefox овозможува брзо и безбедно прелистување по интернет.
Наводи
Надворешни врски Македонската страница на Firefox
Категорија:Мрежна програмска опрема Категорија:Прелистувачи