Шишани или Сисани (; книжевно: Σισάνιον) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 173 жители (2021).

Географија Селото е сместено високо на превојот меѓу планините Мурик и Сињак. Се наоѓа на 4 км југозападно од Влашка Блаца, на 15 км северно од Селица и на 30 км северно од Сачишта. Во Шишани се наоѓа Шишанскиот манастир „Успение на пресв. Богородица“.

Историја Потекло на името Јордан Заимов смета дека првичното македонско име на селото било Сешане.

Средновековие Во средновековието Шишани било епископско седиште во рамките на Охридската архиепископија чија катедрала била посветена на Богородица и датира од XI – XII век.

Во Отоманското Царство На крајот од XVII век арпхиепископот Зосим II го преместил епархиското седиште од Шишани во Сачишта.

Според Тодор Симовски, населението потекнува од влашки доселеници од Епир кое со време силно се погрчило.

Во 1889 г. Стефан Верковиќ напишал за Шишани:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Сисани (Шишани, Шајни) имало 400 жители Грци и 400 жители Власи.

Според грчка статистика од 1904 г. во селото живееле 250 гркојазични „Грци“.Σπανός, Κωνσταντίνος. „Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων“, in: „Ελιμειακά“, 48 – 49, 2001.

Во Грција Во Првата балканска војна (1912) селото е окупирано од грчка војска, а по Втората (1913) тоа е припоено кон Грција. Таа година во Шишани живееле 454 лица. Во 1920 г. населението пораснало на 487 лица, а во 1928 г. селото имало 463 жители. Населението порано се занимавало исклучиво со сточарство, а подоцна и со други занимања.

Гробишниот храм на селото е посветен на Свети Никола.

+ Преименувани местности во Шишани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Цифликиотика Ливадија Τσιφλικιώτικα Λιβάδια Ливадија Λιβάδια

Население

Наводи

Надворешни врски Страница за Шишани на порталот на Општина Горуша

Категорија:Горуша (општина)