мини|десно|Црквата „Св. Стефан“. мини|десно|Оро во Леригово, 1890 г. Леригово или Ларигово (, Арнеја; до 1927 г. Λιαρίγκοβη, ЉариговиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιαρίγκοβη -- Αρναία) — гратче во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година гратчето било центар на општината Леригово.
Географија и местоположба
ЛериговоName changes of settlements in Greece се наоѓа на 41 километри северозападно од градот Ерисово и на 70 километри југоисточно од Солун, во центарот на Халкидик, на надморска височина од 600 метри., во подножјето на планината Холомондас. Покрај него поминува главниот пат што ги поврзува Солун со Света Гора.
Леригово заедно со целата општина опфаќа површина од 288.739 квадратни километри.
Историја Антички период
На ридот Свети Илија (Агиос Илијас) е откриено археолошко наоѓалиште, кој претставува претхристијанска населба што некои археолози сметаат дека станува збор за античкиот град Арнеја, чие име е повратено од грчката држава во XX век согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија. Местото било населено од околу XV век п.н.е. и продолжил со кратки прекини сè до XIV век. Самото место претставува природна месност каде има присуство на пивка вода и се наоѓа во близина на плодната рамнина на Ново Село, со богати шуми и рударски области од Стано до Извор.
Отоманско Царство
Францускиот дипломат и патник Еспри-Мари Кузинери кој го посетил регионот кон крајот на XVIII век или кон почетокот на XIX век запишал дека селото се состои од околу 400 куќи и дека реонот располага со добро земјиште за обработка. Освен тоа, овде се произведувале и теписиCousinéry, Esprit Marie. Voyage dans la Macédoine: contenant des recherches sur l'histoire, la géographie, les antiquités de ce pay, Paris 1831, р. 140-142...
Асимилацијата на македонското население на полуостровот Халкидик била во полн замав кон средината на XIX век, кога само старите лица помнеле македонски фрази и песни. Во овој период, селото се наоѓало во Касандриската Каза на Отоманското Царство. Во 1812 година била изградена црквата „Св. Стефан“. По крајот на Грчката војна за независност во 1821 година митрополитот Јоаникиј Ерисовски (1838-1855) го преселил седиштето на Ерисовската епархија од Стратони во Леригово.Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Крајселските цркви „Света Петка“, „Свети Модест“ и „Свети Илија“ биле изградени во XIX век.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, во селото живееле 2.000 жители ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 173.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.590 ГрциBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 210-211..
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 2.652 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 2329 жители. Во 1919 година во селото била изградеа црквата „Свети Бессребреници“. Селото во 1928 година било преименувано во Арнеја, според името на античкиот град.
Демографија
Во 1928 година селото броело 2402 жители, додека во 1940 година селото броело 2657 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 2549 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2612 жител, во 1971 година имало 2424 жители, во 1981 година имало 2244 жители, додека во 1991 година имало 2335 жители. Денеска, населението на селото е околу 2300 жители според пописот од 2011 година.
Архитектура мини|десно|200п|Улица во селото. Селото е познато по својата традиционална архитектура. Објекти со традиционална архитектура се Старото училиште кое било изградено во 1871 година (до главниот храм) и плоштадот. Објектот на училиштето е еден од најдобро зачуваните од таков вид објекти во ХалкидикΠαλιό σχολείο. Денеска во објектот се наоѓа администрацијата односно Градското собрание.
Катедралата Свети Стефан била изградена во 1812 година додека нејзината камбанарија датира од 1889 година. Црквата била изградена како како базилика без купола во 1812 година, најверојатно врз темелите на ранохристијански или византиски храм. Во времето на Грчката војна за независност црквата била опожарена, како и во 2005 година. По 2005 година започнале и археолошки истражувања каде биле пронајдени темелите на старата црква.
Традиционалните куќи на Леригово биле изградени во првата половина на XIX век, а други од периодот 1850-1945.
Знаменитости
Историски и етнографски музеј. Музејот бил основан во 1999 година. Во музејот се изложени артефакти од народната култура на ЛериговоMuseums of Macedonia. Текстилен музеј
Наводи
Надворешни врски Општина Аристотел
Категорија:Аристотел (општина)