Радила или Радела (, Одигитрија; до 1926 г. Ραδέλα, Радела) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 42 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа западно од градот Валовишта и јужно од Станица Порој, во подножјето на планината Круша, на надморска височина од 80 метри.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Радила било турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Радила имало 300 жители Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 175 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 161 лице.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 45 бегалски семејства (вкупно 171 бегалец), така што селото станало бегалска населба. Во 1926 година, името на селото било променето во Одигитрија (Οδηγήτρια), во превод „патоводителка“.
Стопанство Населението произведува жито, памук и други земјоделски производи, а поради поволните услови за сточарење внимание му се посветува и на сточарството.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Станица Порој, во кој е влегува и истоименото село.
Наводи
Категорија:Синтика