Хасан Абас или Хасан Обаси ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 12 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 114 метри.
Хасан Абас опфаќа површина од 12 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хасан Абас се состоело од 35 семејства и 113 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хасан Абас имало 150 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 164..
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Јола-Бас немало конкретно мнозинство со 10 куќи.
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото муслиманско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од населението заминало кон Турција (Османлиско Царство) во 1924 година според Лозанскиот договор и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Пединон.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 123 жители-бегалци., додека во 1940 година селото броело 736 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 736 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 686 жители, во 1971 година имало 492 жители, во 1981 година имало 529 жители, додека во 1991 година имало 523 жител. Денеска, населението на селото е 1117 жители.
Стопанство
Бидејќи самото село се наоѓа во Солунското Поле, тоа е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство.
Наводи
Категорија:Кукуш