Лагор или Лагур (, Лагура) — поранешно село во Населичко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција.
Географија Остатоците од селото се наоѓаат на 5 км југоисточно од Рупишта, на левиот брег на реката Бистрица.
Историја Во Отоманското Царство Во 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών. Селото е обновено на крајот од XVIII до почетокот на XIX век од Власи преселени од уништеното Москополе.
Црквата „Успение на пресв. Богородица“ е изградена во 1860 г. врз урнатините на постар храм. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 Лагор имал 60 жители „Грци“.
На Етнографската карта на Битолския Вилает од 1901 г. Лагор е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 15 куќи.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Лагор имало 75 Власи.
Според Георги Константинов Бистрицки Лагор пред Балканските војни имал 12 „грчки“ куќи.
На етничката карта на Костурското братство за 1912 г. Лагуръ е означено како „грчко“ село.
Од овие навидум противречни податоци може да се заклучи дека жителите на Лагор биле погрчени Власи.
Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 29 жители кои во 1920 г. се намалиле на 16. На пописот од 1928 г. селото се води со 16 жители. Поради неповолните услови за живот малку подоцна селото е напуштено, а нејзините жители се преселиле во соседното село Витан.
Познато е дека во периодот по Граѓанската војна 1 лице родено во Лагор се иселило во прекуокеанските земји.
Културни и природни знаменитости „Успение на пресв. Богородица“ од 1860 г.
Наводи
Категорија:Историски села во Рупишта