Латрово (познато и како Латарово, Латерово или Латурово; , Хортеро; до 1927 г. Λάτροβο, Латрово) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 509 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.
Географија и местоположба Селото е сместено во Серското Поле, на 4 км југозападно од градот Валовишта, на надморска височина од 90 м. Се наоѓа во непосредна близина на железничката линија Сер-Валовишта.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Латрово било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Литарево (Litarevo) имало 200 домаќинства и 700 жители Македонци.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал: Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Латрово имало 360 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Латрово имало 360 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.
Во Првата балканска војна, 4 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 292 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 284 лица.
Под притисок од грчките власти, во 1924 година, 4 семејства или 17 лица принудно биле иселени во Бугарија, а на нивно место се населиле 68 бегалски семејства (вкупно 259 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Хортеро (Χορτερό).
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле само 170 жители, бидејќи бегалците се иселиле пред Втората светска војна. По Втората светска војна населението се вратило, а за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) се доселиле жители од околните планински села.
Стопанство Населението одгледува многу памук, фуражни култури и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на краварството.
Население
Самоуправа и политика Во 1928 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 9 квадратни километри. Општината Латрово била приклучена во општината Валовишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.
Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Латрово, во кој е единствено село.
Личности Родени во Латрово
Георги Куртев - Латровалијата (1855 - по 1896) — македонски револуционер Димитар Антонов — борец во Македонско-одринските доброволни чети, IV чета на X Прилепска дружина, II чета на XI Серска дружина Димитар Георгиев (1889 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, четник на Георги Занков, II чета на IV Битолска дружина Илија Велков — борец во Македонско-одринските доброволни чети, II чета на XI Серска дружина Тома Димитров — борец во Македонско-одринските доброволни чети, II чета на XI Серска дружина
Починати во Латрово
Зисо Попов (Живко Попов) (1882 - 1944) — македонски револуционер Иван Пукев (? - 1944) — македонски револуционер на ВМРОРадовски, Александър. Мице Чегански, Фабер, Велико Търново, 2020, стр. 132. Григор Беганов (1891 - 1944) — македонски револуционер, селски војвода на ВМРО
Наводи
Категорија:Синтика