Александар Гаревски (Гостивар, – Скопје, ) — македонски градежен инженер и поранешен редовен професор на Градежниот факултет во Скопје.
Животопис Гаревски е роден во Гостивар, на 5 ноември 1912 година. Бил учесник во НОБ, делегат на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Дипломирал на Техничкиот факултет во Белград. По Втората светска војна бил заменик-министер за градежништво на Македонија, по што успешно завршил одговорна задача во „Хидроелектропроект“ – реализација на ХС „Маврово“. На Техничкиот факултет во Скопје работел од основањето. Одиграл пионерска улога во развојот на хидротехниката во СР Македонија, водејќи ја реализацијата на значајни хидротехнички објекти.
Бил проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 1965 до 1967 година. Од 1965 до пензионирањето во 1979 бил редовен професор на Градежниот факултет во Скопје по предметите хидраулика, хидрологија, речна хидротехника и водни патишта. Бил еден од доајените на хидротехниката во Македонија.
Библиографија Напишал два учебника и неколку други трудови: „Хидрологија“ и „Пловни патишта и пристаништа“. Норми за истечните површински води на речните сливови во Македонија, Скопје, 1957.
Наводи
Категорија:Луѓе од Гостивар Категорија:Македонски инженери Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Делегати на Првото заседание на АСНОМ Категорија:Починати во Скопје Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Делегати на Второто заседание на АСНОМ