'''Западна Вирџинија е сојузна држава во регионот на Апалачките Планини на југот на САД. Се граничи со Вирџинија на југоисток, Кентаки на југозапад, Охајо на северозапад, Пенсилванија на североисток и Мериленд на исток. Западна Вирџинија е 41-ва најголема држава по површина и 37-ма по население од 50-те сојузни држави на САД. Главен и најголем град е Чарлстон.

Белешки

Категорија:Сојузни држави на САД