+ Грчко-турски односи 100px 100px 250px

Турско-грчките односи во текот низ историјата се проследени со меѓусебни непријателства и помирувања уште во времето кога Грција добила независност во 1821 година од Османлиското Царство. Од тогаш, двете земји меѓусебно војувале дури четири пати, и тоа во Грчко-турската војна од 1897 година, Балканските војни, Првата светска војна и Грчко-турската војна во периодот од 1919 до 1922 година.

Отоманска ера

Грчката држава својата независност од Османлиското Царство ја прогласила во 1821 година. Нејзинит почетни граници биле признати во 1832 година. Границата започнувала од Арта кон Волос плус Еубеја и Киклади во Егејското Море. Остатокот од територијата каде што живееше грчко население, вклучувајќи ги: Крит, Кипар, остатокот од островите на Егејското Море, Епир, Тесалија, Македонија и Тракија, останале под турска власт. Во минатото, повеќе од еден милион Грци живееле на територијата на денешна Турција, главно во егејскиот регион околу Измир и во регионот на Понт на Црното Море.

Грчките политичари од 19 век биле решени во својата држава да ги вклучат сите овие територии во составот на грчката држава, врз основа на византиската карта и градот Цариград односно Цариград да стане престолнина на новата земја на Балканскиот Полуостров. Причината за ова било тоа што и тогашните, како и денешните грчки политичари ја сметаат Грција за наследник на Византија.Ова поради фактот што по Големиот раскол и посебно по основањето на Светото Римско Царство, на западот на Европа, Византија била сметана за грчко царство. Оваа идеја била позната како Голема Идеја (Мегали Идеја). Цариград бил главниот град на Источото Римското Царство сѐ до неговото заземање од страна на Османлиите во 1453 година. Османлиите од своја страна направиле големи напори за да се спротиват на овие планови.

За време на Кримската војна (1854-1856), Велика Британија и Франција биле во сојуз со Османлиското Царство против Руската. Повторно, за време на Руско-турската војна од 1877 година, Грците биле заинтересирани да се приклучат во офанзиватa, но земјата сепак не била во состојба да ги делотворно да учествува во војната. Сепак, по Берлинскиот конгрес, во 1881 година, кон територијата на Грција се приклучиле Тесалија и дел од Епир.

Во 1897 година, на Крит избувнале големи немири кои довеле до Грчко-турска војна. Неподготвеноста на грчката армија довела до нејзин пораз. Грција била принудена да ѝ исплати на Османлиското Царство репарација, а Крит добил автономија под протекторат на големите европски сили.Encyclopaedia Britannica Online: Greco-Turkish Wars, 18.07.2009

По крајот на Младотурската револуција и доаѓањето на Младотурците на власт во Отоманското Царство во 1908 година, администрацијата во империјата започнала да биде управувана од страна на големи централно-националистички дејци. Состојбата на христијанските малцинства во империјата уште повеќе се влошила. Следувале Балканските војни кои траеле од 1912 до 1913 година. По крајот на двете балкански војни, Грција излегла во голема корист бидејќи кон нејзината територија се приклучиле Крит, голем број на острови, остатокот од Тесалија и Епир, како и делови од Македонија. Со ова, Грција која до ртогаш била претежно планинска земја ги добила плодните полиња од северот (меѓу кои и Солунското) што ќе придонесе за нејзин забзан развој.

Првата светска и меѓусебната војна

Грција во Првата светска војна влегла во 1917 година. Како главна и крајна цел на Грција била зазимањето на Цариград (Истанбул) и Смирна (Измир) од Османлиите, преку помошта на Франција и Велика Британија. Исто така, на Грција и било ветено дека и Кипар ќе влезе во составот на нејзината територија. Иако имало мала директна борба помеѓу Грците и Турците, сепак кон 1918 година започнало распаѓањето на Османлиското Царство и Грција сметала дека нејзините планови скоро ќе бидат остварени. Во 1920 година и договорот од Северес, Грција ги добила Источна Тракија и површина од околу 17.000 км2 во Западна Анадолија околу Измир. Овој договор бил потпишан од страна на турската влада, но никогаш не стапил во сила бидејќи никогаш не бил ратификуван од страна на парламентот.

Грција на 15 мај 1919 година ја окупирал Смирна (односно Измир), додека Мустафа Кемал Паша (подоцна Ататурк), кој бил водач на турската опозиција, се стационирал во Самсун на 19 мај 1919. Оваа акција се смета за почеток на турската војна за независност. Неговата прва цел била создавање на организирано национално движење против окупаторските сили. Во јуни 1919 година, тој и неговите блиски соработници изјавиле дека независноста на земјата е во опасност. Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во Анкара. На 12 февруари 1920 последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот бил распуштен од страна на британските сили, откако бил прогласен Misak-i Milli („Национален пакт“). Мустафа Кемал ја искористил оваа можност за воспоставување на „Големото национално собрание“. На 23 април 1920 година Собранието се започнало со работа, а Мустафа Кемал претседавал. На 10 август 1920 година, отоманскиот големиот везир Дамат Ферид Паша го потпишал Договорот од Севр. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманското Царство.

Турската војска влегла во Измир на 9 септември 1922. Ова го означило крајот на војната. Грчката војска и администрацијата заминале од морското крајбрежје. Во 1923 година бил потпишан Лозанскиот договор. Договорот од Лозана предвидел размена на население меѓу Грција и Турција што започнал пред крајниот потпишувањето на договорот во јули 1923 година. На ваков начин околу 1.500.000 Грци морале да заминат од новата турска држава, а околу 500.000 Турци се иселиле од Грција. Исклучоци се направиле само за градот Истанбул и делови на Западна Тракија, островите Имброс и Тенедос, вклучително и Вселенскиот Патријарх.

Доколку се има предив дека Грци на овие простори живееле во претходните 3000 години, може да се каже дека губењето на Анадолија и текот на Првата светска војна за Грција биле катастрофални. Наводните злосторства извршени од страна на грчката армија за време на грчката окупација на Западна Анадолија (1919-1922) оставиле траен белег во турската свест. Грчките обвинувања, од друга страна пак, се темелат на големиот пожар во Смирна, и за нив е посебно заслужна книгата издадена од страна на Џорџ Хортон - генерален конзул на САД во градот во периодот од 1919 до 1922 година Во оваа книга конзулот ја опишува асимилацијата на немуслиманското население во градот и околината. In an article published in Byzantine and Modern Greek Studies ("George Horton: The literary diplomat)", Brian Coleman describes his subject matter as follows: "George Horton was a man of letters and United States Consul in Greece and Turkey at a time of social and political change. He writes of the re-taking of Smyrna by the Turkish army in September 1922. His account, however, goes beyond the blame and events to a demonization of Muslims, in general, and of Turks, in particular. In several of his novels, written more than two decades before the events of September 1922, he had already identified the Turk as the stock-in-trade villain of Western civilization. In his account of Smyrna, he writes not as historian, but as publicist." Proclamation issued by the New York State Governor George E. Pataki on "The Commemoration of the Burning of Smyrna and the Persecution of the Greeks of Asia Minor" citing George Horton.

Меѓусебни конфликти

Пост-воените водачи на Грција и Турција, Кемал Ататурк и Елефтериос Венизелос биле решени да воспостават нормални односи помеѓу двете држави. По неколку години преговори, конечно во 1930 година биле воспоставени дипломатски односи помеѓу Грција и Турција. Венизелос бил во официјална посета на Истанбул и на Анкара. Грција се откажала од сите свои претензии кон турската територија. Ова било проследено со потпишувањето на Балканскиот Пакт во 1934 година, во која освен Грција и Турција се приклучиле и Кралството Југославија и Романија. Договорот предвидувал меѓусебна помош и соработка (Бугарија се обидела да се приклучи, но сепак таа сѐ уште имала територијални претензии кон своите соседи). Обете држави признале дека имаат потреба од мир, а тоа резултирало со повеќе средби и со пријателски односи. Претставниците на двете земји биле нминирани за Нобеловата награда за мир.

Во 1941 година Турција била првата земја која испратила хуманитарна помош за Грција по окупацијата на Атина од страна на Силите на Оската. Турскиот претседател Мустафа Исмет Инени ја потпишал одлуката за да им се помогне на луѓето кои се бореле против војската со која тој самиот се борел пред деветнаесет години. Голема количина на прехранбени производи биле обезбедени од страна на од страна на Турската Црвена полумесечина и истите биле испратени од пристаништето на Истанбул до Грција. Помошта била транспортирана со бродот СС Куртулуш, со големи симболи на Црвената полумесечина насликани од двете страни.

Во исто време, Турција го потпишала „Договорот за пријателство и соработка“ со нацистичка Германија во јуни 1941 година.Jewish Virtual Library Наредната година, 1942 година, Турција го вовела посебен данок наречен Варлик Вергиси, кој голем број на етнички Грци во Турција ги довел до економски колапс.

Почетокот на Студената војна го означило дополнителното зближување на двете земји и во 1954 година Грција, Турција и Југославија формирале нов Балкански Пакт за меѓусебна одбрана против Советскиот Сојуз.

И покрај зближувањата на двете земји, сепак и Грција и Турција воделе се обидувале да го намалат влијанието на другата земја во сопствената политика. Турската политика главно се однесувала кон напорите да се намали економското присуство на Грците во Турција. Во септември 1955 година се случил т.н. Септемвриски Погром кој бил директно насочен кон грчкото малцинство во Истанбул. Конфликтот се смета дека започнал кога пристигнале гласините дека куќата во Солун во која живеел Кемал Ататурк била уништена од страна на грчките терористи.

Во период од 9 часа, етничките Грци биле подложени на големи притисоци. Така, помеѓу 13 и 16 Грци биле убиени, како и најмалку еден Ерменец како последица од насилство. Помеѓу жртвите имало и двајца свештеници. 32 Грци биле тешко ранети. Покрај ова, околу десетина девојки од грчка националност биле силувани. Повеќе од илјада грчки куќи, училишта, цркви, хотели итн. биле уништени. Проценките за штетата се разликувале во зависност од изворот. Според турската влада, штетите изнесувале околу 69.5 милиони турски лири, според британските извори околу 100 милиони британски фунти, а според грчки околу 500 милиони долари. Немирите предизвикале брз процес на емиграција, а тоа довело до исчезнување на грчкото малцинство во Турција. Според пописот од 1924 година, во Турција живееле околу 200.000 Грци. Во 2005 година, нивниот број се намалил на само 5.000.

Кипарска криза, турската инвазија и колапсот на грчката воена хунта

Главната причина за изладување на грчко-турските односни во текот на XX век било кипарското прашање. Во времето кога островот бил под британски протекторат, грчкото население на островот броело вкупно 82% ов вкупниот процент на население.

Кипарските Турци до одреден степен се согласувале со формирање на една заедница, но сепак грчката влада во неколку наврати интервенирала кај Велика Британија, од која барала островот да се приклучи кон територијата на Грција. Во 1950-тите години, кипарското прашање повторно се отворено од страна на Грчките Турци, кога архиепископ Макариос III склучил сојуз со Грција и заедно со EOKA извршиле паравоени дејства на островот - претежно против Англија, но исто така и нанеле колатерална штета и на другите заедници. Конечно, грчкиот премиер Александар Папагос кипарското прашање го поставил пред ООН.