Нгалопите се втората најголема етничка група на Бутан и тие ја контролираат владата и се главен фактор во бутанската култура. Често се наречени како Бутанци или како Боте, што значи дека се од „Ботија“ или Тибет.
Нгалопите се сконцентрирани во западните и централните делови на Бутан со главна религија тибетски будизам. Нгалопите се занимаваат со одгледување на ориз, компир и други култури кои се приспособени за тој регион од Хималаите. Нгалопите зборуваат на ѕонгка јазик, националниот јазик на Бутан. Дел од Нгалопите се и кралот и кралското семејство.
Покрај овие, останати групи се:
Шарчопи - најголема етничка група во Бутан, кои потекнуваат од Асам или Мјанмар, но денес во голем дел се асимилирани во нгалоп културата. Тие живеат во источните делови на Бутан. Лоцампа се Непалци кои дошле во Непал на почетокот на XX век.
Поврзано Бутан
Категорија:Народи во Бутан