Милка Зафирова (Дебар, ) е македонски градежен инженер и професор на Градежниот факултет во Скопје.

Животопис Зафирова е родена во Дебар на 11 ноември 1939 година. Работела на изградбата на пругата Гостивар–Кичево и на скопскиот железнички јазол, а во склоп на апликативната работа на Факултетот учествувала во реализацијата на повеќе сообраќајни и хидротехнички тунели. Таа е редовен професор на Градежниот факултет во Скопје по предметите Тунели, Долен строј на сообраќајници и железнички станици.

Наводи

Категорија:Македонски инженери Категорија:Луѓе од Дебар Категорија:Македонски универзитетски професори