Принцовиот проект за дождовните шуми (англ. Prince's Rainforests Project) е добротворна организација основана во октомври 2007 од НКВ Принцот од Велс. Овој проект има за цел да ја подигне свеста кај поединците и организациите за важната улога на шумите во подобрувањето и спречувањето на промената на климата, како и за преголемиот притисок на кој се изложени дождовните шуми предизвикани од порастот на цените на храната ширум светот, и сè поголемата глобална побарувачка на говедско месо, соја и палмино масло. Во светот постои сè повисока свест за итната потреба да се заштитат дождовните шуми, но и народите кои живеат и зависат од нив и нивните ресурси.

Поврзано Обесшумување Глобално затоплување Биоразновидност Програма за животната средина на ООН

Надворешни врски Страница на Принцовиот проект за дождовните шуми

Категорија:Околинско инженерство Категорија:Добротворни организации Категорија:Животна средина Категорија:Организации во Обединетото Кралство