Дарда или Круша ( или Dardha) — село во општината Горица на истоимената област, југоисточна Албанија. Населението брои 502 жители (2000).

Географија Селото се наоѓа во областа Девол, 20 км јужно од градот Горица, над левата страна на Синица, високо во југоисточното подножје на планината Морава, на надморска височина од 1.320 м.Дарда (783394) — GeoNames

Историја Селото е младо, основано околу 1600 г. од христијани дојдени од околните села, притиснати од соседното муслиманско население. На ова место, новодојденците нашле засолниште во колиба под една круша, по која селото го добило своето име.

Во 1810 г. во селото е основано првото грчко училиште по иницијатива на Исидоро Иконому. Подоцна биле основани уште женско и средно училиште, кои ги посетувале вкупно 150 ученици во учебната 1901–1902 г. Првото албанско училиште било основано во 1917 г. од Леонида Чика, а денешното училиште било отворено во 1924 г. со средства од друштвото „Ватра“.

Епирскиот хроничар Панајотис Араванитос („Етнографска карта на Епир“) посочува дека жителите на Дарда (Darda) како Албанци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дарда е претставена како чисто македонско село во Горичката Каза на Горичкиот Санџак со 270 куќи.

Кон крајот на XIX век целото население на Дарда било под врховенството на Цариградската патријаршија. Во статистиката на грчкиот академик Атанасиос Халкиопулос („Македонија: Етнографска статистика на Солунскиот и Битолскиот Вилает“), Дарда (Δάρδα) се води со 1.800 жители „православни Грци“.

Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Дарда во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Горичката Каза.

Според Георги Константинов Бистрицки Круша пред Балканските војни се состоела од 400 полуалбанчени македонски куќи.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Дреново.

Културни и природни знаменитости Верски објекти

Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква; и „Св. Петар“ — мал параклис.

Куќи

Куќа на Олга Паза — прогласена за споменик на културата.

Личности Родени во Дарда

Костадин Зограф и Атанас Зограф — зографи од XVIII век, претставници на Горичката школа; Поликарп Биткукис (?–1821) — лариски митрополит; Сотир Печи (1873–1932) — политичар и просветен деец; Теодор Лачо (1936–2016) — писател и дипломат; Томас Наси (1892–1964) — музикант и просветен деец во САД.

Поврзано Список на села во Албанија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Албанија