Петабајт (изведено од SI-претставката „пета-“) е единица за податоци или компјутерска меморија еднаква на еден квадрилион бајти, или (1000 терабајти или 1.000.000 гигабајти). Кратенката за оваа единица е PB (или ПБ). Самата претставка пета- (P) означува 1000-ти степен: 1 PB = 1.000.000.000.000.000 B = 10005 B = 1015 бајти.
Поимот „пебибајт“, со бинарна претставка пеби- (Pi) се користи за изразување на 10245 бајти. 1 PiB = 1.125.899.906.842.624 Б.
Петабајтите во употреба Еве некои примери за користење на „петабајти“ за изразување на количина на податоци во различни полиња:
Историја: Според Кевин Кели од весникот „The New York Times“, „сите [пишани] дела на човештвото, од почетокот на запишаната историја наваму, на сите јазици“ можат да се складираат во 50 петабајти податоци. Компјутерски хардвер: Базата на податоци Teradata 12 има капацитет од 50 петабајти компримирани податоци. Телекомуникациски фирми: AT&T секој ден пренесуваат по 16 петабајти податоци низ нивните мрежи. Архиви: Семрежниот архив (Internet Archive) содржи околу 3 петабајти податоци, и се проширува со стапка од околу 100 терабајти месечно (март 2009). Интернет: Google обработува околу 20 петабајти податоци дневно. Физика: 4-те експерименти на Големиот хадронски судирач ќе дадат 15 петабајти податоци годишно, кои ќе се дистрибуираат преку пресметковната решетка LHC Computing Grid. P2P мрежи: Според податоци од месец октомври 2009, Isohunt има околу 9,76 петабајти податоци складирани во торенти кои се глобално индексирани. Игри: World of Warcraft користи 1,3 петабајти за складирање на играта.
Поврзано Бајт Величински редови (податоци)
Наводи
Категорија:Единици за информации