Вареме (; ) — валонска општина сместена во покраината Лиеж, во Белгија. Градот се наоѓа на реката Јекер (), во областа Хесбаје. Стопанството е засновано на обработката на житарици и шеќерна репка и на прехранбената индустрија.

Општината Вареме ги вклучува следниве села: Бетинкур, Блере, Бовенистир, Гран-Акс, Лантерманж и Олеје.

Историја

Неколку пронајдоци биле ископани близу Вареме кои содржеле пронајдоци од неолитот и населби од бронзеното доба. Главниот римски пат кој ги поврзувал Баве и Келн поминувал низ општината. Могили и римски вили се наоѓаат во околината. Римјаните оставиле гробница за коњи.

Средновековната населба Воромија (Woromia) била наведена по првпат во 965 година. На 5 февруари 1078 година, Воромија била освоена од Принц-Бискупијата Лиеж, заедно со неговиот замок, петте воденици и шесте пиварници.

мини|лево|Градското собрание на Варем|150п

До 1215 година, со 815 жители, прераснал во град. Неговите граници близу Војводството Брабант, меѓутоа, привлекле неколку напади од војводата, предизвикувајќи да биде запален во целост и повторно изграден неколкупати. Во век, градот изградил пазар и болница, полека станувајќи регионален центар, каде се ковале пари и се држеле важни состаноци.

Во текот на освојувањето на Принц-Бискупијата Лиеж, Карло Храбриот го запалил градот повеќе од еднаш во 1468 година. Во век, градот станал едно од 21. главни градови на бискупијата. ВО 1748 година, четврт на градот бил уништен од пожар, овој пат во несреќен случај. Во 1792 година, француските револуционерни сили влегле во градот и ги затвориле манастирите. Три години подоцна, Принц-Бискупијата Лиеж била распуштена и градот станал француски.

Во , градот се развил, благодарение на железницата и изградбата на две рафинерии за шеќер и неколку училишта. Првата светска војна не донела никакво уништување на градот, освен на старите одбранбени бедеми. Меѓутоа, во Втората светска војна, градот бил уништен од воздушните напади, само неколку дена пред ослободувањето.

Знаменитости

Градското собрание од 1900 година Главната градска црква од 1881 година Природен резерват

Познати луѓе

Едмон Лебертон (1915–1997) — премиер на Белгија

Меѓународни односи Збратимени градови

Вареме е збратимен со следниве градови:

Скопје, Македонија Жерармер, Франција Галинаро, Италија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Населени места во Белгија Категорија:Општини во Лиеж