Оддалечените новозеландски острови (англ. New Zealand outlying islands) се состојат од девет островски групи, сместени во суптропиците и подантарктикот, кои се составен дел на Нов Зеланд но се наоѓаат вон новозеландскиот континентален праг. Иако се сметаат за составен дел од Нов Зеланд, седум од деветте групи не припаѓаат на ниеден регион или округ, туку се сметаат за „Подрачје вон територијална управа“. Двата исклучока се Четемските Острови, коисамите се специјална територијална единица (островски совет), и Соландеровите Острови, кои му припаѓаат на регионот Саутленд и округот Саутленд.

Поимот понекаде се користи и во контекст на Балените, група подантарктички острови кои технички се сметаат за дел од Росовата Зависност и се водат според Антарктичкиот договор.

Петте островски групи на Новозеландските Подантарктички Острови, заедно со нивните територијални води се прогласени за Светско наследство на УНЕСКО.

Островски групи мини|десно|285п|Физичка карта на Антиподските Острови Островските групи од север кон југ:

мини|центар|500п Карта на целото Кралство Нов Зеланд.Островска група (друго име) Површина(км²)Највисок врв (м)Местоположба наглавниот остров северно од Северниот Остров Кермадек 33,08 врв Моумоукаи (516) Трикралеви Острови (Ngamotukaraka, Manawa Tawhi) 4,86(Велик Остров) (294) источно/јужно Јужниот Остров Четемски Острови (Wharekauri, Rekohu) 966рид Маунгатере (294) Соландерови Острови (Hautere) 0,70(Соландеров Остров) (330) Новозеландски Подантарктички Острови Баунти 1,35(остров Фанел) (88) Снерс (Tini Heke) 3,41 (Североисточен Остров) (152) Антиподски Острови 20,97 Галовеј (366) Оклендови Острови (Motu Maha) 625,60Дик (705) Кемпбелови Острови (Motu Ihupuku) 113,31Хани (569) Оддалечени острови 1800Дик (705) 

Населеност Сите острови се ненаселени освен Четемските Острови.

На островот Рауловиот Остров од групата Кермадек постои метеоролошка станица со персонал. Метеоролошката станица на Кемпбеловиот Остров нема персонал бидејќи е автоматизирана уште од 1995. На Оклендовите Острови постоела метеоролошка станица од 1942 до 1945 г. Трикралевите Острови и Оклендовите Острови порано биле населени. Постоеле неуспешни обиди за населување на Рауловиот Остров, Антиподските Острови и Оклендовите Острови. Соландеровите Острови никогаш не биле населени, освен некои исфрлени патници на диво (најдолго од 1808 до 1813 од пет патници на диво од Европа).

Поврзано Новозеландски Подантарктички Острови

Надворешни врски Новозеландски Подантарктички Острови

Категорија:Архипелази во Нов Зеланд