мини|Розетниот прозорец на Стразбуршката катедрала, Франција. мини|Внатрешноста на розата на Стразбуршката катедрала Розетен прозорец или розета (се употребува и катерински прозорец) — поим во архитектурата, кој се објаснува како кружен прозорец, вграден во црквите изградени во готски стил, кој обично е поделен со шпросни или орнамент. Поимот „розетен прозорец“ не се употребувал пред 17. век, а според Оксфордскиот речник на англискиот јазик, потекнува од англискиот збор rose, со значење роза.Oxford English Dictionary, s.v. "rose-window" ([f. ROSE n. + WINDOW n.]).
Поимот „прозорец-тркало“, исто така се употребува, но најчесто за оние прозорци кои се поделени со едноставни пречки, кои се оковани и ротираат во средината на прозорецот, додека пак „розетниот прозорец“ се однесува на оние прозорци, кои имаат посложена градба и кои по својот изглед наликуваат на роза со многу ливчиња. Кружниот прозорец без орнамент, којшто е карактеристичен за многу цркви во Италија е познат како окуларен прозорец.
Розетните прозорци се делумна одлика на готската архитектура и може да се забележат во сите големи катедрали во северна Франција, изградени во готски стил. Се смета дека потеклотона овие видови на прозорци е постаро, па розетните прозорци може да се најдат во различна форма во средновековните градби. Сепак, улогата во христијанските цркви на розите се намалила, но идејата за изградба на цркви со рози повторно оживеала во 19. век, со развојот на неоготската архитектура. Оттогаш, розите станале популарни и биле вградувани во многу цркви во светот.
Историја мини|Окуларниот прозорец на римскиот Пантеон. мини|Црквата Торчело, Венеција. Потекло Потеклото на розетниот прозорец е во римскиот окулус (латински: oculus). Ваков кружен отвор имал и римскиот Пантеон, а целта за неговото вметнување било создавањето на извор на светлина и свеж воздух во затворената градба.
Во ранохристијанската и во византиската архитектура, постојат примери на употребата на вакви кружни отвори при изградбата на храмовите. Тие обично биле вградувани околу барабанот од градбата, каков што е случајот со Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим или во фронтонот како калкански прозорци, што е случај со црквата Сант Ањезе фуори ле мура во Рим и со катедралата Санта Марија Асунта.Banister Fletcher, History of Architecture on the Comparative Method.
Во еден прозорец, кој се наоѓа во Венеција, а потекнува од 8. век, може да се забележи резба на неколку позадини, кои наликуваат на орнаменти, а врз кои се наоѓаат три окуларни прозорци. Во периодот од 6. до 8. век, познато е и дека постоеле издупчени полукружни прозорци, какви што подоцна биле карактеристични во Византија.Banister Fletcher
Малите кружни прозорци, како оние во црквите Санта Ањезе фуори ле мура и Санта Марија Асунта, како и застаклените и украсени вдлабнатини продолжиле да се употребуваат при изградбата на црквите во Италија, со што стекнале голема популарност во идната романска архитектура.
Друг важен фактор за популарноста и развојот на овој архитектонски елемент посочил германскиот историчар на уметност Ото фон Симсон, којшто сметал дека розетните прозорци потекнуваат од шесте припоени осумаголни форми на омејадската, изградена во Јордан во периодот на 740-тите. Според неговата теорија, Крстоносците го позајмиле дизајнот на прозорецот и со мали измени го вовеле во изградбата на црквите во Европа.
Розетните прозорци се наречени и Катерински прозорци, по светата Катерина Александриска, која била осудена на смрт со набодување на тркало со колец. Кога го допрела тркалото, тоа се скршило.
мини|десно|Црквата Сан Мигел де Лиљо, Овиедо, Шпанија.
Кружни прозорци во Шпанија Во Шпанија има неколку цркви на кои е забележливо присуството на некои форми на орнамент. Овие цркви се наоѓаат во близина на градот Овиедо, а биле изградени во 9. и 10. век и се едни од првите градби надвор од територијата на Византија, во кои бил вклучен овој елемент. Обликот наликува на мотивите, коишто се најдени на визнтиските резби на мермерни саркофази, свештенчки говорници, како и украсите на прозорците на градбите во Равена и Цариград.
Црквата Сан Педро има правоаголен прозорец и е украсен со два круга кои се пресекуваат. Горниот круг содржи крст, чиишто краци се пресечени од линиите на круговите.
Во црквата Сан Мигел де Лиљо се наоѓа можеби најраниот пример на окуларен прозорец со орнамент. Црквата има неколку такви прозорци со различна големина, кои се украсени со крст, со што се појавува порабена форма на цвет, што ја најавува појавата на прозорците во облик на тркало, но и оние во облик на роза.
Романски кружни прозорци мини|десно|Шпајерскатата катедрала, Шпајер, Германија. Кружните прозорци и кружните вдлабнатини станале карактеристични елементи на многу романски цркви и архитектури, пред сè изградени во Германија и Италија, каде што стилот постоел подолг временски период, надминувајќи го развојот на готската архитектура во Франција.
Во Германија, Вормскиот дворец има прозорци со облик на тркало, кои се наоѓаат на краевите од бродовите, како калкански прозорци, нешто слично како ранохристијанската базилика Санта Ањезе во Рим. Западниот апсиден завршеток има централен прозорец со облик на тркало со помали окуларни прозорци. Шпајерската катедрала има прозорец со облик на тркало, којшто е вграден во квадратен дел од фасадата.
Црквата на апостолите во Келн е украсена со окуларни и издолжени прозорци, кои формираат декорација на фронтонот, а посебно на „ренишкиот шлем“. Осумаголната купола содржи прстен со окуларни прозорци од двете страни. мини|десно|Црквата Санта Марија Новела, Фиренца, Италија. Во Тшебич, Чешка се наоѓа базиликата Свети Прокопиј, која е изградена во 12. и 13. век. На апсидата од црквата се наоѓаат прозорци, коишто се многу слични на оние од Вормскиот дворец, но во оваа градба, отворите се исполнети со орнамент во готска форма, којшто јасно го означува влијанието на новиот стил.
Во Италија, употребата на кружни мотиви во различни форми била неизбежен елемент на фасадите од црквите. Појавата на овие мотиви се појавува на ранохристијанските уметност, романските, готските, ренесансните и барокните цркви. Познат пример се големите кругови на полихромираниот мермер, којшто го дополнува централниот прозорец на фасадата од црквата Санта Марија Новела во Фиренца.Joseph Rykwert, Leonis Baptiste Alberti, Architectural Design, изд. 49, бр. 5-6, Holland St, London Окуларните прозорци, исто така буиле вградувани на барабаните, кои биле градени како помошни елементи на куполите и како светла во осумаголните крстилници, како онаа во Кремона.
Романски фасади со окуларни прозорци имаат црквите: Сан Миниато ал Монте во Фиренца (изградена во 11. век), Сан Микеле во Павија (изградена околу 1117) и Пистојската катедрала во Пистоја (изградена околу 1150). Како што големината на прозорците се зголемувала во подоцнежниот романски период, прозорците-тркала станале стандард, кој започнал да се применува. Тоа се потврдува со црквата Сан Цено Маџоре во Верона и катедралата во Монца.
На романската фасада на катедралата Сполето има изобилство од вдлабнати и орнаментни окуларни прозорци, коишто го обиколуваат розетниот прозорец, вметнат на квадратна позадина од мозаик од 1207 година.
Во Англија, постојат пет романски тркалезни прозорци, анајпознати се оние во црквите во Барфрестон и дворецот Хедингам.
Готика мини|десно|Западната страна на базиликата Сен-Дени, Париз, Франција. мини|десно|Шартрска катедрала мини|десно|Богородичната црква во Париз.
Преминувањето на романскиот стил во готски, најмногу е проследено во градбите во Франција. Карактеристичен приемр е базиликата Сен-Дени во северен Париз, во чија изградба во периодот од 1130 до 1134, Сугериј вметнал карактеристични готски елементи, а со тоа навестувајќи го развојот на готскиот архитектонски стил.Nikolaus Pevsner, An Outline of European Architecture
Розетниот прозорец, кој Сугериј го вметнал во фасадата на базиликата Сен-Дени, веројатно е навестување на многу други кружни прозорци од градбите, изградени во романски стил, како што се црквите во Англија, базиликата Свети Прокопиј во Требиц, катедралата Сполето и фасадата на Шпајерска катедрала.
Сугериевиот прозорец не бил забележително готски. Тој повеќе ја нема оригиналната форма, а во средината на 19. век, во еден цртеж на Ежен Виоле ле Дук миоже да се забележи дека прозорецот имал многу голем окуларен простор во центаерот, стаклото било заштитено со железен прстен и обиколено со едноставни полукружни додатоци, кои биле отсечени од камената површина, со примена на техниката, позната како „орнаментна чинија“. Денес, прозорецот содржи готски орнамент, кој веројатно бил додаден од страна на Виоле ле Дук, кој бил загрижен поради отсуството на стабилност на целата фасада и кој ги обнобил кулите, откако една од нив ненадејно паднала.
Заедно со едноставните прозорци-тркала од доцниот нормански период во Англија, Германија и Италија, многу од прозорците од доцниот 12. век, сè уште опстојува прозорецот на Шартрската катедрала. Овој забележителен елемент содржи големо рондо во центарот, со блескави спици од прозорецот-тркало, обиколен со прстен во техниката „рамен орнамент“ и кој содржи помали светилки и фестонирани граничници. Прозорецот, опишувајќи го Страшниот суд, ја содржи оригиналната шема на застаклување, а од стаклото на прозорецот, голем дел е останато од оригиналното во 1215, иако постоела потенцијална опасност за време на Втората светска војна.Lawrence Lee, George Seddon, Francis Stephens, Stained Glass
По примерот на западниот прозорец на Шртрската катедрала, биле создадени прозорците на Колегијалната богородична црква во Мант и фасадата на Ланската катедрала, којашто содржи розетни прозорци на источната страна и на страничните краеви. Овие прозорци содржат големи светилки, распоредени на орнамент во полукружна форма, што наликува на листови кои се пресекуваат.
Централниот прозорец на познатата готска фасада на Богородичната црква во Париз е во готски стил, со шпросни на обете страни, коишто зрачат со одблесокот од централното рондо, при што секоја оделно ја прекинува соодветната арка. Овој прозорец бил завршен во 1225 година, што претставувало шема за многу други розетни прозорци, вклучувајќи ги и страничните прозорци на базиликата Сен-Дени и џиновските и сложени прозорци на јужната страна од Богородичната црква во Париз.Wim Swaan
Во Шартрската катедрала, страничните рози се вметнати во истиот стил, како и оригиналната роза од 12. век, со што се развива темата на контрастни форми. Јужната роза ги соединува тркалото со круговите и полукруговите, додека северната роза воведува квадратни светилки, коишто ротираат околу центарот и се поставени под различни агли, со што создаваат калеидоскопски ефект со голема енергија.Henry Adams, Mont-Saint-Michel and Chartres
Понатамошен развој мини|десно|Ремска катедрала Големината на розетниот прозорец, започнала постепено да се зголемува во однос на големината на прозорецот на Шартрската катедрала, што било резултат на развојот на разлилните стилови во готската архитектура. Во средината на 13. век, розата ги достигнала најголемите димензии. Тоа биле розите вметнато во Базиликата Сен-Дени и Богородичната црква во Париз.
Во фасадите на најголемиот број готски цркви во Франција, розата се вметнувала под арката. Таков е случајот со Богородилната црква во Париз, Шартрсдката катедрала, Базиликата Сен-Дени и Колегијалната богородична црква во Мант. Следен чекор во употребата на овој елемент во готскиот стил е неговото вметнување под работ на арката, како што било направено при изградбата на Ремската катедрала (1230). Оваа форма произлегла од унипштената црква Свети Никајс, која исто така се наоѓала во Ремс. мини|десно|Миланска катедрала