Андреја Дамјанов — македонска архитектонска награда која се доделува на архитект кој придонел за редот и развитокот на македонската архитектура.

Историја Востановена е во чест на големиот македонски и балкански градител од 19 век, Андреја Дамјанов. Се доделува од 28 декември 1989 година, кога академикот Крум Томовски, свечено бил прогласен за прв лауреат. Наградата ја доделува доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов. Оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши оценувачка комисија составена од претседател и неколку членови. Комисијата на наградата објавува јавен повик на кој треба да се пријавата можните добитници. Може да конкурираат само државјаните на Македонија, дедека право на поднесување на предлози имаат само членовите на ААМ. Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонска академија на ААМ. Од почетокот па во наредните 15 години, наградата се доделувала во велешката црква „Св. Пантелејмон“ (која е дело на Дамјанов), но од 2005 се доделува и во други цркви или објекти на големиот неимар.

Лауреати 1989 - Крум Томовски (прв лауреат) 1990 - Борис Чипан 1993 - Славко Брезоски 1995 - Петар Муличковски ? - Александар Серафимовски 2002 - Живко Поповски 2004 - Драган Томовски 2005 - Василка Ладинска 2006 - Александар Никољски 2007 - Радомир ЛаловиќНАГРАДАТА Е ГОЛЕМА ГОРДОСТ И ПОТВРДА ЗА ВЛОЖЕНИОТ ТРУД 2008 - Александар Смилевски 2009 - Климент Заров 2010 - Олга Папеш 2011 - Мимоза Несторова - ТомиќААМ ја додели овогодинешната награда за животно дело 2012 - Крсто ТодоровскиКрсто Тодоровски,добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ 2013 - Михаил ТокаревААМ: Михаил Токарев добитник на наградата “Андреја Дамјанов“ 2014 - Вера ЌосевскаИНТЕРВЈУ СО АРХИТЕКТ ВЕРА ЌОСЕВСКА, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО "АНДРЕА ДАМЈАНОВ" -АРХИТЕКТИТЕ ТРЕБА ДА ГО ЗНААТ МИНАТОТО, НО ДА ГЛЕДААТ КОН ИДНИНАТА 2015 - Мартин ГулевскиАрхитектот Мартин Гулевски добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2015 година 2016 - Радован Раѓеновиќ 2017 - Билјана Филиповска 2018 - Миодраг РадоњиќДобитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2018та е архитект РАДОЊИЌ МИОДРАГ – БАТО 2019 - Миодраг МитровиќАРХИТЕКТОНСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЈА ДОБИ МИОДРАГ МИТРОВИЌ 2020 - Ѓоко Радовановиќ 2021 - Ранчо Христов 2022 - Зорица Блажевска 2023 - Здравко Рафаиловски 2024 - Стеван Смилевски 2025 - Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља

Поврзано Македонски архитектонски награди

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Асоцијација на архитекти на Македонија|Асоцијацијата на архитекти на Македонија

Категорија:Македонски архитектонски награди