Јелена Томашевиќ (, р. во Неготин) — српска поп-пејачка. Таа има добиено голем број награди за нејзините песни, но најголемата слава ја стекна со тоа што ја претставуваше Србија на Евровизија 2008 и го достигна одличното шесто место со песната „Оро“.JELENA TOMAŠEVIĆ FAVORIT
Кариера
Јелена го започнала нејзиниот пат кон славата уште на 8 години кога победина на детски фестифавл во нејзиниот град Крагуевац. Таа подоцна се приклучила на фолклорниот клуб во Крагуевац „Куд Абрашевиќ“ со кого патувале низ цела Европа и добиле голем број награди, а и Јелена добила доста награди за нејзините вокални способности. Таа била главен вокалист во фолклорната играорна група. Во 1994 година учествувала на „Југословенскиот Детски фестивал“ во Крагуевац и победила.Jelena Tomašević ] 200px|десно|thumb|Томашевиќ на Беовизија во 2005. Од тогаш таа настапувала на неколку меѓународни фестивали во Чешката Република, Белорусија и Бугарија. Таа подоцна се натпреварувала во шоу наречено „3К дур“ кое било режирано според светски познатиот Идол. Во 2005 ја започнала професионалната кариера со познатиот српски пејач Жељко Јоксимовиќ. Тој ја компонирал песната „Јутро“ (Утро) за неа и со таа песна Јелена учествуваше на Европесма 2005. Но, сепак на фестивалот победија црногорската група No Name и тие ја претставуваа Србија и Црна Гора на Евровизија во 2005.
Во 2007 година Томашевиќ потпиша договор со Minacord Records, а веќе во 2008 нејзиниот дебитен албум Panta Rei беше издаден. Најпознати песни од албумот се „Кошава“ и „Океани“.
Во 2008 година Жељко Јоксимовиќ за неа ја напиша песната „Оро“ и со оваа песна Томашевиќ ја претставуваше Србија на Евровизија 2008 која се одржа во Белград. Со оваа песна го достигна одличното 6 место за Србија.
Приватен живот
Јелена го има завршено средното училиште во Крагуевац во 2002. Истата година се запиша на „Факултетот во Крагуевац“ на студии по англиски јазик. Поради музичките ангажмани го оставила факултетот, но сепак планира да го заврши.
Дискографија
Албуми
Panta Rei (2008)
Песни
„Кад не буде твоје љубави“ (2004) „Јутро“ (2005) „Нема Кога“ (2006) „Оро“ (2008) „Кошава“ (2008) „Океани“ (2008) „Time To Pray“ (2009)
Надворешни врски
Jelena Tomašević RTS page More Jelena Tomasevic's music
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Српски пејачки Категорија:Српски поп пејачи Категорија:Евровизија 2008 Категорија:Православни христијани Категорија:Луѓе од Неготин Категорија:Учесници на Евровизија