Грбот на Хрватска е официјалниот грб на државата усвоен на 21 декември 1990 година. Грбот се состои од штит во поделен на коцки во бела и црвена боја кои формираат шаковница. Шаховницата е составена од 13 црвени и 12 бели (сребрени) полиња. Над штитот има пет помали штита кои формираат круна и ги претставуваат петте историски региони на Хрватска.Zakon o grbu, zastavi i himni Republike Hrvatske te zastavi i lenti predsjednika Republike Hrvatske, Članak 7

Шаховницата се верува дека е создадена во 13 век од страна на Стефан Држислав. Боите ги претставуваа двете рани хрватски држави: Бела Хрватска и Црвена Хрватска. За петте малечки штита симболиката е следна:

првиот штит го претставува најраниот хрватски грб, ѕвезда Деница и месечина; вториот е грб на Дубровничката Република, третиот е грб на Далмација четвртиот е грб на Истра петтиот е симбол на Славонија

Наводи

Поврзано Хрватска Знаме на Хрватска

Надворешни врски Министерство за надворешни работи на Хрватска за грбот Знаме, грб и химна на Влада на Хрватска. Историја на грбот

Хрватска Категорија:Национални симболи на Хрватска