Георги Стоев Христов (Јан Пирински) — роден на година, во с. Јаново, Пиринскиот дел на Македонија, починал на во Благоевград, Бугарија.

Животопис Работел како работник, управник на одморалиште, службеник во Окружниот народен совет во Благоевград, учител по бугарски јазик и литература, окружен социјален инспектор и др.

Во 1992 година Георги Христов од својот брат Александар ја презема улогата на главен и одговорен уредник на весникот „Народна Волја“. Своите текстови ги потпишувал и со псевдонимот Јан Пирински.Весник „Народна волја“

Автор Уште како ученик пишувал стихови, неговите дела се објавувани во тогашниот весник “Пиринско дело“. Ја има објавено и стихозбирката „Попатен изгрев“.Георги Христов: „Попатен изгрев“, Благоевград, 2003

Еден од најобемните трудови кој ги има потпишано Јан Пирински, односно Георги Христов е делото „Гневот на правдата“ , во кое хронолошки се опишани повеќето настани кои влијаеле на правата на Македонците во Пиринска Македонија како и нивната борба за човекови права.

Наводи

Надворешни врски Интервју за МР - РАДИО СКОПЈЕ Разговор со Георги Христов

Категорија:Македонски писатели Категорија:Пиринска Македонија Категорија:Македонци во Бугарија