Беди Ибрахим (турски: Bedi Ibrahim; , ) ― македонски вајар, сликар, професор и сценограф.
Животопис Ибрахим е роден во Скопје, во 1959 година. Тој е дел од првата генерација вајари, дипломирани во 1985 година на ФЛУ, на одделот за скулптура, во класата на Петар Хаџи Бошков, каде ги завршил и последипломските студии (во 1999 година).„Дела на Беди Ибрахим во Кавадарци“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23. Од 2002 година, работи како вонреден професор на вајарскиот оддел на ФЛУ.
Творештво Освен со скулптура, Ибрахим се занимава и со сликарство и сценографија. Неговото творештво е исполнето со хуманистичка дарба и со верба во смислата на современото уметничко дејствување, а критиката го оценува како автор кој ја чува ризницата на интеркултурното наследство, облагодарувајќи ја нашата сегашност со минатото.
Ибрахим остварил преку самостојни 20 изложби во Македонија и во странство, а имал и бројни групни учества на месната и меѓународната сцена. Од 1985 до 1990 година бил дел од култната уметничка група „Зеро“. Во 1997 година, тој бил единствениот претставник на Македонија на 5. Истанбулско меѓународно биенале. Во јануари 2010 година, тој имал изложба во галеријата МС во Њујорк, каде изложил триесетина цртежи и слики, изработени во комбинирана техника. На 14 ноември 2014 година, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, била отворена изложба на делата на Ибрахим, во рамките на проектот „Кич, да!? Сте или не“.„Дела од Беди Ибрахим во Кавадарци“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.
Како признание на неговото творештво, Ибрахим бил добитник е на три национални и меѓународни награди.
Наводи
Надворешни врски Список на изложби
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски вајари Категорија:Македонски Турци Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски сликари Категорија:Југословенски вајари Категорија:Југословенски Турци Категорија:Добитници на награди за уметност Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Магистри на Факултетот за ликовни уметности - Скопје