Универзитетот Мармара (турски Marmara Üniversitesi) е државен универзитет кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој универзитет моментално е втората најголема образовна институција во Турција.
Универзитетот бил основан во 1883 година. Под денешното име е од 1982 година. На него се изучува медицина, стоматологија, право, и ликовната уметност. Универзитетот Мармара во моментов има 52.000 студенти, од кои 44.661 се студенти и 7.406 постдипломски студенти. Вкупно 1.354 странски студенти од 73 земји во моментов студираат на оваа институција.
Поврзано Список на универзитети во Турција
Надворешни врски
Официјално мрежно место (англиски) Факултет за инженерство (англиски) Економски клуб (турски) E-кампус (турски)
Категорија:Универзитет Мармара