thumb|Слика на мешана група од Шомпени во 1886 година Шомпените или Шом Пен се домородни луѓе населени во внатрешноста на островот Голем Никобар, дел од Индиската унионистичка територија - Андамански и Никобарски острови.

Етимологија и аутоним "Шомпен" најверојатно е погрешен англиски изговор на "Шамхеп", никобарското име за племето. Шомпените што живеат на западната страна од островот самите себеси се нарекуваат Калаи, а оние на источната страна Кејет, секоја група ја нарекува другата како Буавела.

Наводот од 1886 дека шомпените се нарекуваат себеси како Шаб Дова не е потврден од страна на современите истражувачи.

Историја Адмиралот Стин Бајл бил првиот кој контактирал со шомпените во 1846 година. Британски офицер Фредерик Адолф д Репсторф, 1876 година ги проучувал јазиците на Никобар и Андаман, при што собрал етнографски и лингвистички податоци. Од тогаш има многу малку информации за шомпените, бидејќи пристапот до Никобарските острови бил ограничен за странските истражувачи после стекнувањето со независност на Индија.

Општество Според индискиот попис од 2001 година, бројот на шомпенската популација инзесувал околу 300 луѓе.

Во доцните 1980-ти шомпените живееле во десетина групи, групите броеле од 2 до 22 лица, распространети низ внатрешноста на островот.

Поради нивниот изолиран начин на живот во внатрешноста на островот, шомпените поминале со помали штети за време на Големиот земјотрес на Суматра и цунами катастрофата од 26 декември 2004 година кој ги опустоши крајбрежните региони населени со Никобари и Индијци.

Јазик Постојат најмалку два шомпенски јазици. Шомпенските јазици се малку познати, најверојатно не се во никаква релација со никобарските јазици, и најверојатно не се во релација ниту меѓу себе, овој вид на јазици се нарекуваат изолатни јазици.

Генетика thumb|250px|Група на шомпени во 1886 година. Проучувањето на митохондра DNA покажало дека генетскиот материјал на шомпените е најблизок до индонезијците. Варијациите на DNA сегменти на Y хромозомот исто така наведува на траги од Аустро-Азијатски народи вклучувајќи ги и Никобарите и Виетнамците, но не и континенталните индијци.

Поврзано Никобарски острови Хаплогрупа O2a (Y-DNA)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Домордни народи од Јужна Азија Категорија:Етнички групи на Андамснките и Никобарските острови