Напад на фудбалската репрезентација на Того — терористички напад врз автобусот на репрезентацијата кој се случил на 8 јануари 2010 година, кога екипата патувала кон Ангола на Африкански куп на наците, 2010 кои започнале на 11 јануари 2010 година. Нападот бил извршен од страна на Фронтот за ослободување на Кабинда, терористичка и сепаратистичка организација, која истиот ден ја презела одговорноста за нападот.http://www.guardian.co.uk/world/2010/jan/11/two-arrested-togo-football-attack Во нападот биле убиени возачот на автобусот, менаџерскиот асистент Абало Амелете и медиумскиот известувач Станислас Окло, а неколку други пак биле повредени.Rss Liste des blessés lors de l'attaque contre le bus des Eperviers. Генералниот секретар на организацијата, Родригеш Мингаш, кој моментално се наоѓа во Франција, тврдел дела целта на нападот не биле фудбалерите од Того, туку против анголските вооружени сили кои биле покрај конвојот. Властите објавиле дека се уапсени двајца осомничени за нападот.
Нападот
thumb|Картата на провинцијата Кабинда во Ангола
На 8 јануари 2010 година, автобусот на репрезентацијата на автобусот бил нападнат од вооружени лица, којшто патувал во Ангола за Африканскиот куп на нациите, 2010 година. Врз автобусите било отворено оган со митралези веднаш штом била поминета границата од Конго во Ангола, односно во провинцијата Кабинда. Фудбалскиот тим на Того била во групата Б, и требала да настапи на стадион Кимандела.
Целиот вооружен напад траел околу 30 минути. Во нападот биле убиени возачот на автобусот, менаџерскиот асистент Абало Амелете кој немал можност ниту време да побегне или да се сокрие. Патниците се сокриле под седиштата.. Бранителот на ФК Васлуи, Серж Акакпо бил погоден од куршум, и изгубил многу крв, како и голманот Коџови Обилале.. Освен овие двајца, исто така биле повредени и заменик-претседателот Габриел Амеји, седум членови на федерацијата, еден новинар и два лекари од лекарсиот тим. Емануел Адебајор изјавил дека нападот бил ", еден од најлошите нешта што му се случиле некогаш во животот. Тома Досеви изјавил: “Тоа беше вистински пекол. Дваесет минути на пукотници, крв и страв". Ричмонд Форсон извавил: “ Автобусот во кои пукаа беше полн со багаж,Drittes Todesopfer – Togo denkt an Rückzug можеби мислеа дека сме ние таму. Потоа отворија оган и врз нашиот автобус. Тоа беше страшно. Досеви изјавил и дека врз автобусите било пукано како во него да има кучиња.
Сепаратистичката организација Фронтот за ослободување на Кабинда (FLEC) ја презела одговорноста за нападот. Во соопштението потпишано од страна на генералниот секретар Родригеш Мингаш стои дека оваа операција била само почеток на серија од планираните дејствија и дека истите ќе продолжат низ целата територија на Кабинда.
Во врска со нападот на фудбалската репрезентација на Того, властите односно полицијата на Ангола уапсила две осомничени лица на 10 јануари 2010 годинаZwei Festnahmen nach Angriff auf togolesische Fußballmannschaft. Како што објавило националното радио, повикувајќи се на обвинителот, апсењата биле извршени во Кабинда, помеѓу Република Конго и Демократска Република Конго во Западна Африка.
Жртви
Три лица загинале, а девет биле повредени.CAN : les Eperviers rentrent au Togo
Мртви
Абало Амелете- помошник тренер на фудбалската репрезентација на Того и менаџер на Кара Аско (умрел на 9 јануари 2010 година, 4:00 Западно Африканско Време) Zwei Tote bei Anschlag, OK erhebt Vorwürfe Станислас Окло- медиумски известувач (умрел на 9 јануари 2010 година, 4:30 Западно Африканско Време) Zwei Tote bei Terrorangriff auf Togo-Auswahl Марио Аџуа- возач на автобус, (починал на 8 јануари 2010)
Ранети
Коџови Обилале - бил застрелан во долниот дел на грбот. Серж АкакпоTogo sagt Afrika-Cup-Teilnahme ab Ибер ВелуTogo Soccer Bus Attacked Near Angola Веик Нибомбе Елиста Коџо Лано Д-р Дивинелае Амевор - физиотерапевт Д-р Тадафаме Ваџа- лекар
По нападите
Репрезентацијата на Того повикала на бојкот на купот, како резултат на нападот. Алексис Ромао и Тома Досеви зборуваше за нивната одвратност и нивниот недостаток на желба да се натпреваруваат. По инцидентот, фудбалскиот тим се повлекол од купот официјално. Алексис Ромао исто така изјавил дека се обидувал да ги убеди другите тимови во нивната група за да се повлечат од купот.
Того требло да ја одигра својот прв натпревар на турнирот против Гана, три дена по нападот на 11 јануари 2010 година. STV Спорт објавил дека Того се повлекува од турнирот еден ден подоцна.
Подоцна имало двоумење околу можното враќање на Того на мундијалот по изјавата на некои од фудбалерите дека тие ќе играат во спомен на "сеќавањето на мртвите." Togo tritt nach Anschlag nun doch bei Afrika-Cup an Тома Досеви изјавил дека неговата земја ќе се натпреварува на купот за да се претстават националните бои на земјата, нејзините вредности и маженственост.http://news.smh.com.au/breaking-news-world/togo-in-dramatic-african-nations-cup-uturn-20100110-m0fu.html Сепак, по н аредба на владата на Того, фудбалскиот тим бил вратен во земјата.
На 11 јануари 2010 година, Того, официјално бил дисквалификуван од Купот на Африка, по нивното враќање во нивната татковина . Тимот на Того заминал во неделата, два дена по нападот на автобусите. "Тимот е дисквалификуван, оваа група ќе се состои од три екипи", изјавил портпаролот на Конфедерацијата. Според министерот за спорт на Того, Кристофер Падумоку, Того официјално побарал повторно да се придружи во турнирот, но истото барање било одбиено. .
Реакции
Влоастите на Ангола, овој напад го нарекле како "акт на тероризам''". Мартин О'Нил, менаџерот на играчот Мустафа Салифу во Астон Вила, бил шокиран од настанот. Фудбалските клубови Манчестер Сити и Портсмут изразиле загриженост за безбедноста на нивните играчи. Други играчи од Африка, како Бени Мекарти и Мохамед Сисоко го осудиле нападот.
Дани Јордаан, организаторот на претстојното фудбалско првенство кое треба да се одигра во Јужна Африка од јуни и јули 2010 година, ја отфрлил загриженоста дека нападот имал било значење за безбедносната организација за истиот мундијал.
Поврзано Список на терористички напади во 2010 година Минхенскиот масакар Африкански куп на наците, 2010
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалот во 2010 година Категорија:Африкански куп на нации Категорија:Ангола во 2010 година Категорија:2010 во Република Конго Категорија:2010 во Того Категорија:Провинција Кабинда Категорија:Терористички напади во 2010 година Категорија:Тероризам во Ангола Категорија:Насилство во спортот Категорија:Фудбалска репрезентација на Того