Сексуалнaта злоупотреба на деца е таков вид на злоупотреба во која возрасен или постар адолесцент злоупотребува дете за полова возбуда. Како полова злоупотреба на деца се смета и прашувањето или присилувањето на дете да се впушти во полов однос (без разлика на исходот), недостојното покажување на гениталиите на дете, прикажувањето на порнографија пред дете, вистински полов однос со дете, физички контакт со гениталиите на детето, гледањето на гениталиите на детето без никаков физички контакт или употребата на дете за продукција на детска порнографија.

Како последици од полово злоупотребано дете се сметаат депресија, пост-трауматично стресно нарушување, вознемиреност, склоност кон повторна виктимизација во подоцнежна возраст, физичка повреда на детето, како и многу други проблеми. Сексуалната злоупотреба од страна на член на семејството е инцест и може да резултира со посериозни долготрајни психолошки трауми, особено во случај на инцест сторен од родителот.

Околу 15% до 25% жени и 5% до 15% мажи биле полово злоупотребени кога биле деца. Повеќето полови злосторници се познаваат со своите жртви; околу 30% се роднини на децата, најчесто браќа, татковци, вујковци или братучеди; околу 60% се други познаници како пријатели на семејството, беби-ситери или соседи; во околу 10% од случаите на полово злоупотребување на дете, злосторниците биле странци. Повеќето полови злоупотребувања врз деца се извршени од мажи; испитувањата покажуваат дека жените од пријавените прекршоци, 14% до 40% ги извршиле врз момчиња, а 6% врз девојчиња. Злосторниците кои злоупотребуваат деца пред да влезат во пубертет се педофили, но како и да е, мал процент не ги исполнуваат критериумите за дијагностицирана педофилија.

Според законот, „полово злоупотребување на деца” е општ термин кој опишува кривични и граѓански прекршоци каде што полнолетно лице има полов однос со малолетник или злоупотребува малолетник за добивање на полово задоволство. Американската психијатриска асоцијација изјавува дека „дете не може да се согласи да има полов однос со возрасен”, и ги осудува таквите постапки на возрасните лица. „Возрасен, кој стапува во полов однос со дете извршува кривично и неморално дело, кое никогаш не може да биде сметано за нормално и општествено прифатливо однесување.”

Последици Психолошки последици right|400px|thumb|Една студија, финансирана од страна на САД, од страна на Националниот институт за злоупотреба на дрога откриле дека „Меѓу повеќе од 1.400 возрасни жени, сексуалната злоупотреба од детството била поврзана со зголемена веројатнос за зависност од дрога, алкохол и и психијатриски нарушувања. Сексуалното злоупотребување на дете може да резултира со краткотрајни, но и долготрајни повреди, вклучувајќи психопатологија во понатамошниот живот. Како психолошки, емоционални, физички и социјални последици се сметаат и депресијата, пост - трауматично стресно нарушување, вознемиреност, нарушување на исхраната, намалена самопочит, асоцијалност и зголемена нервоза, општа психолошка болка и нарушување како соматизација, нервоза, хронична болка, полово однесување, училишни проблеми или проблеми при учењето; и проблеми со однесувањето вклучувајќи го и консумирањето на недозволени супстанци, деструктивно однесување, криминалност по подоцнежна возраст и самоубиство. Сè уште не е откриена матрица на специфичните одлики на симптомите и постојат неколку хипотези за условите на овие асоцијации.

Изучување, финансирано од Националниот Институт против злоупотреба на Дрога во САД, покажа дека „Помеѓу повеќе од 1,400 возрасни жени, сексуалното злоупотребување како деца беше придружувано со зголемена веројатност за зависност од дрога, алкохол и психијатриски нарушувања. Асоцијациите се изразени како различни стапки: на пример веројатноста за жени кои доживеале вонгенитална сексуална злоупотреба за време на детството, а како возрасни да бидат зависни од дрога е за 2,93 пати поголема отколку кај жените кои не биле злоупотребувани.”

Долготрајните негативни последици на развојот кои водат до повторна виктимизација во зрелоста се исто така поврзани со сексуалното злоупотребување на децата. Истражувањата основаа причинска врска помеѓу сексуалното злоупотребување во детството и одредени специфични делови од возрасната психопатологија, вклучувајќи желбата за самоубиство, недруштвеното однесување, пост – трауматичното стресно нарушување, вознемиреноста и алкохолизмот. Веројатноста за возрасните со историја на злоупотреба како дете, особено сексуално, да бидат чести корисници на ургентните и медицинските служби е поголема од оние кои немаат историја на злоупотреба. Истражување кое ги споредува средовечните жени кои биле злоупотребени како дете наспроти незлоупотребените учесници во студијата, покажува дека здравствените трошоци за првите се многу повисоки.

Сексуално злоупотребените деца страдаат повеќе од психолошки симптоми отколку од деца кои не биле злоупотребувани; истражувањата покажуваат појава на симптоми кај 51% до 79% од сексуално злоупотребените деца. Ризикот од повреда е поголем доколку злоупотребувачот е роднина, доколку злоупотребувањето вклучува однос или обид за однос, или ако се употребени закани или сила. Врз степенот на повреда можат да влијаат и други фактори како пенетрацијата, времетраењето и зачестеноста на злоупотребувањето, како и употребата на сила. Социјалната дамка од сексуалното злоупотребување на децата може да ја придонесе психолошката штета на децата и негативните резултати се помалку веројатни за злоупотребуваните деца коишто имаат поддршка од семејната средина.

Младите деца коишто се сексуално злоупотребени од страна на повозрасни жени можат да бидат изложени на двојно поголема траума поради распространетото негирање на родителите кои не злоупотребуваат, професионалните негувачи и општата јавност за сексуално злоупотребување на децата од страна на жени. Тарнер и Маријански во Инцест: Потекло на Табуата (2005), претпоставуваат дека инцестот мајка – син предизвикува најсериозна штета врз децата во споредба со инцестот мајка – ќерка, татко – ќерка и татко – син. Крафорд тврди дека нашиот потиснат социјален поглед кон жените и мајчинската сексуалност ги прикрива и реалноста на женската сексуална патологија како и штетата нанесена од сексуалното злоупотребување на дете извршено од страна на жена.

Разединетост и пост–трауматично стресно нарушување Злоупотребата на дете, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба, и особено хроничните злоупотребувања кои започнуваат на рана возраст се сметаат поврзани со развојот на висок степен на симптоми на асоцијалност, кои вклучуваат амнезија поради сеќавањата на злоупотребувањето. Се смета дека степенот на асоцијалност е поврзан со пријавената пречеста сексуална и физичка злоупотреба. Кога се случува тешка сексуална злоупотреба (пенетрација, неколку злосторници, и трае повеќе од една година), симптомите на асоцијалност се уште поистакнати. Според Видом (1999 г.), кој напиша дека „сексуалната злоупотреба, можеби повеќе од другите видови на детски трауми, води до проблеми со асоцијалноста...овие откритија за пост - трауматичното стресно нарушување претставуваат само дел од сликата за долготрајни психијатриски sequelae поврзани со виктимизацијата во раното детство... антисоцијално растројство на личноста, злоупотреба на алкохол, и други видови на психопатологија.”, сексуалната злоупотреба врз дете независно може да го предвиди бројот на симптоми на пост - трауматично стресно нарушување што една личност ги прикажува, откако се контролира за можни збунувачки променливи. Децата можат да развијат симптоми на пост - трауматично стресно нарушување, кој ќе произлезе од сексуално злоупотребување на децата, дури и без вистинска или заканувачка повреда или насилство.

Фактори на истражување Бидејќи сексуалната злоупотреба врз децата често се случува паралелно со други можни збунувачки променливи, како на пример сиромашни семејни средини и физичко злоупотребување, некои научници тврдат дека е важно да се контролираат тие променливи во некои студии кои ги мерат ефектите од сексуалната злоупотреба. Во 1998 г. критика на поврзана литература, Мартин и Флеминг изјавиле „Хипотезата изнесена со овој труд е тоа што во повеќето случаи, основната штета нанесена со сексуално злоупотребување на дете е поврзана со капацитетите на децата кои се развиваат за доверба, интимност, дејствување и сексуалност, а дека многу од ментално – здравствените проблеми во животот како возрасни поврзани со минатото како сексуално злоупотребувани деца се од втор ред.” Други студии покажаа независно здружување на сексуално злоупотребени деца со негативни психолошки последици.

Кендлер и др. (2000 г.) открива дека поголемиот дел од врските помеѓу тешките видови на сексуално злоупотребено дете и возрасната психопатологија, не може да се објасни преку семеен раздор, бидејќи големината на последиците од оваа асоцијација многу малку се намали по контролирањето на можните променливи. Нивното испитување на еден мал примерок од ЦСА – неусогласени близнаци, исто така поддржа причинско-последична врска помеѓу сексуалната злоупотреба на дете и возрасната психопатологија; ЦСА-изложените предмети имаа доследно поголем ризик за психопатолошки нарушувања од нивните ЦСА неизложени близнаци.

Во 1998 г., од мета - анализата извршена од страна на Рајнд и др., се роди контроверзија која укажува дека сексуалната злоупотреба на дете не секогаш предизвикува силна повреда, дека некои студенти ги пријавиле таквите средби секако позитивни искуства и дека степенот на психолошката штета зависи од тоа дали детето ја опишало или не ја опишало средбата како „консензуална”. Студијата беше критикувана дека и недостигаат методологија и заклучоци, иако нејзиното објавување, од страна на темелната рецензија беше брането со премолчување или безрезервно. По обемниот публицитет, Конгресот на САД ја осуди студијата за нејзините заклучоци и за обезбедувањето на материјали кои се користени од страна на педофилски организации за да ги оправдаат своите активности. Расел шпекулираше дека перцепцијата на сексуално злоупотребен настан како „позитивен” би можела да потекнува од еден механизам за справување со трауматски искуства, како форма на рационализација.

Физчки последици Повреда Во зависност од возраста и големината на детето и степенот на употребената сила, сексуалната злоупотреба може да предизвика внатрешна рана и крварење. Во потешки случаи, може да се случи оштетување на внатрешните органи, кое во некои случаи може да предизвика смрт. Херман-Гиденс и др. откри шест сигурни и шест можни случаи на смрт поради сексуална злоупотреба на дете во Северна Каролина помеѓу 1985-1994 г. Жртвите беа на возраст од 2 месеци до 10 години. Причини за смртта беа траума на гениталиите или на правото црево или сексуално осакатување.

Инфекции Сексуалната злоупотреба на дете може да предизвика инфекции и сексуално преносливи болести. Во зависност од возраста на детето, поради недоволната вагинална течност, шансите за инфекции се поголеми. Исто така беше забележана појава на вагинит.

Невролошка штета