300px|мини|Дизајн и тетоважа од цветови од цреша и риба, изработени рачно. Тетовирање — трајно исцртување на телото со мастило, со цел да се смени пигментот од декоративни и други причини. Тетоважите кај човекот се вид на декоративно менување на телото, додека тетовирањето кај животните најчесто е сè со цел за идентификација. Тетовирањето се врши насекаде низ светот. Јапонските домородци Ајни се тетовирале на лице. Денес со тетоважа на лице може да се видат племињата Бербери од Тамаска (Северна Африка), Маорите од Нов Зеланд и Атајланите од Тајван. Тетовирањето било широко распространето меѓу луѓето од Океанија и некои племиња од Тајван, Филипините, Борнео, Малајскиот архипелаг, Африка, Северна Америка, Јужна Америка, Средна Америка, Европа, Јапонија, Камбоџа, Нов Зеланд и Микронезија. И покрај некои табуа за тетовирање, оваа уметност е популарна во многу делови на светот.

Потекло на поимот Оксфордско-англискиот речник (OED -Oxford English Dictionary) ја дава етимологијата на тетоважа, во 18век tattaow, tattow. Од Полинезија tatau. На тахитски, tatu." Зборот tatau во Англија беше позајмен, со менување на изговорот за да се прилагоди на англиската фонологија како “tattoo”. Подоцна морепловците го воведоа зборот и вратија концептот за тетовирање во Европа.

Љубителите на тетоважи за овој поим користат „мастило“, „тет“, „уметност“, „дело“, “изработка“ a за тату мајсторите - уметници. Со одржување на изложби во уметнички галерии за општо признати и тетоважи по нарачка, се одеше кон добивање поголема поддршка. Авторските тетоважи кои се масовно распространети кај тату-мајсторите се нарекуваат флешови,а значаен пример се индустриските модели. Каталози за тетоважи се истакнати во тату студијата со цел да ги инспирираат и помогнат во неодлучноста на клиентите. Јапонскиот збор ирезуми значи вметнување на мастило и може да означува тебори тетоважа со употреба на традиционалниот јапонски рачен метод, машинка од запад, или било кој метод со употреба на мастило.Најчесто употребуван збор за традиционалните јапонски тетоважи е Хоримоно. Јапонците го користат зборот тетоважа кога сакаат да нагласат дека станува збор за тетоважа од страно потекло. Во Тајван,тетоважите на лице на племето Атајал се наречени "Бадасун"; тие ја покажуваат способноста на мажот да се бори за својата земја,а способноста на жената за плетење и извршување на домашните обврски.

Во 1900 г. антропологот Линг Рот опишал четири методи за исцртување на лицето и предложил да се наерчат тату,моко,цитатрикс, и келоид. Историја Тетовирањето е Евроазиска практика уште од неолитскиот период. Ледениот човек Отзи,кој датира од 4-5 милениум п.н.е., пронајден во алпската долина Ötz и има приближно 57 јаглени тетоважи со едноставни точки и линии во долниот дел на грбот,позади левото колено, и на десниот зглоб. Откриени се и други мумии кои имаат тетоважи а потекнуваат од крајот на вториот милениум п.н.е.како Мумијата Амунет од Стар Египет и многу други.

Претхристијанските германски, келтски и други централно и северноевропски племиња биле обилно тетовирани, за полесно да се вклопат со околината и преживеат. Пиктите биле тетовирани (или скарификувани ) со усовршени темно сини српици (или бакар да се добие сината боја) дизајни.Јулиј Цезар ги опишал овие тетоважи во Книга V од неговите Галички Војни (54 п.н.е). Се верува дека тетовирањето во Јапонија започнало уште од врмето на палеолитот ,пред некои десет илјади години. Многу други култури имале свои традиции на тетовирање,од исечоци и други белези од горење, до рачно боцкање по кожата за да се нанаесе бојата.

Тетовирањето во западниот свет своите почетоци ги има во Полинезија, а во откривањето на тетоважа tatau од истражувачите во 18век. Оваа постапка на мештаните од Океанија првин стаана популарни кај Европските морепловци, па потоа и кај Западните општества. Цели Декоративни и религиски цели Тетоважите служеле како ритуал на духовен премин ,обележје на ранг или статус, религиозни симболи и верски посветувања, показатели за храброст, сексуална привлечност, и ознаки за плодност, љубовни заклетви,казни, амајлии и талисмани,заштита и означување за изгнаник, робови и осуденици.Симболизмот и нападот на тетоважите варира во различни култури и места. Тетоважите може да покажат што одредена личност чувствува за роднина (обично мајка/татко или ќерка/син) или за некоја трета личност.

Денес луѓето се тетовираат од козметички причини ,емоционални спомени, религиски, и магични причини, одбележување на своето потекло или поистоветување со одредена група, вклучувајќи ги тука криминалните групи но, исто така и одредена етничка група или покорни подкултури. Некои Маори сѐ уште имаат испреплетени моко (вдлабнати) тетоважи на нивните лица. Во Лаос, Камбоџа и Тајланд, Јантра тетоважите се исцртуваат за заштита од зло и поголема среќа.На Филипините некои племиња веруваат дека тетоважите имаат моќ, и ги заштитуваат нивните носители.Тетовирањето на Филипините е поврзано со достигнувањата или статусот во животот на носителот.

Големи издолжени тетоважи се чести кај припадниците на традиционалните поворки на изроди и изведувачите кои ја следат оваа традиција.

Идентификација Низ времето луѓето биле насилно тетовирани. Добро познат пример е идентификациониот систем челад во Нацистичките концентрациони логори за време на холокаустот. Сепак, тетоважите се поврзуваат со идентификација и на позитивен начин. На пример, при првите контакти на Маорите и Европејците, понекогаш ги цртале своите моко тетоважи на место на потпис во документи. Понекогаш тетоважите им помагаат на форензичарите да ги идентиификуваат изгорените, изгниени или масакрирани тела. Бојата од тетоважите е толку длабоко во кожата што дури и тешки изгореници неможат да ја уништат. Уште одамна морепловците се тетовирале во случај да потонат да може да бидат идентификувани. Па така телата на починатите ќе може да се вратат на семејствто пред да бидат погребани. Затоа тату-мајсторите работеле на маста каде имало поголем број на муштерии. Овој обичај продолжува и денес во Британската (кралска) морнарица(Велика Британија)и многу други.

Иако многу ретко од украсни причини, тетоважи се ставаат и на животни. Домашни миленичиња, расни коњи и стока понекогаш се тетовирани за полесна идентификација. Домашните кучиња и мачки често се тетовирани со сериски број (најчесто во уво или во внатрешноста на бутовите) со што нивните сопственици може да ги препознаваат. Понекогаш пак животните се тетовирани за да се спречат изгореници од сонце (на пр. на носот) Ваквите тетоважи се прават од страна на ветеринари и во најголем дел од случаите животните се под анестезија за време на постапката. Со иста цел е и жигосувањето но најчесто се врши без анестезија, бидејќи процесот не вклучува илга или боја. Козметички цели Кога тетоважите се ставаат од козметички цели, тие вклучуваат трајна шминка и покривање или неутрализирање на нееднаквоста на кожата. Трајна шминка се употребува кога се нагласуваат веѓи , усни( линија или кармин), очи (линија), па дури и цртање бемки, најчесто со природни бои бидејќи дизајните се наменети да наликуваат на шминка. Mедицински цели

Медицинските тетоважи се прават со цел да се осигура дека инструментите се точно неместени за повторна радиотерапија и во случаи кога се прави операција на гради. Тетовирањето исто така давало информации дури за клиентот (пр. крвни групи)

Превласт Тетовирањето повторно ја дожива својата популарност во многу делови од светот, особено во Северна и Јужна Америка, Јапонија и Европа. Со развитокот на културата за тетовирање, се појавија голем број нови уметници од оваа област, од кои многу имаат техничка и обука во областа на ликовната уметност. Со напредокот во тетовирањето и унапредување на опремата за тетовирање, се дојде до усовршување на тетоважите.

Во првата декада на 21век, тетоважите сè повеќе беа присутни во поп културата, инспирирајки телевизиски емисии како “мастило” на A&E, Мајами тату на TLC и Л.А тату. Тетовирањето на блуз пејачката Џенис Џоплин нараквицаи мало срце на левата града, од Лил Татл ,тату-мајстор од Сан Франциско беше пресуден момент за повторно прифаќање на тетоважите како уметност. Тетоважите општо се сметаат за важен дел од културата на руската мафија.

Големиот интерес за уметноста на тетовирањето стана очигледен во 1990 г. и почетокот на 21век. Современите уметнички изложби и визуелните уметнички институции ги претставија тетоважите како уметност преку примери, со испитување на работата на тату-мајсторите, и собирање примери од уметност на тело,на mainstream изложби. Една од овие изложби во Чикаго 2009 г. Freaks & Flash ги покажа примерите од тетовирање во минатото и уметниците кои ги изработиле

Во многу традиционални култури тетовирањето доживеало повторно популаризирање, делумно и од почитување на културното наследство. Пад во традиционалното племенско тетовирање се случило со ширење на христијанството.Сепак,некои христијански групи како што се Витезите од Св.Џон од Малта ,се тетовирале за да ја покажат својата верност.Истото се случува кај другите култури кои ги следат Европските напори да ги пренасочат првобитните луѓе кон Западните религии и културни дејствувања кои го сметале тетовирањето за паганско. Помеѓу некои првобитни култури, тетовирањето се смета за премин од адолесцент во возрасен.

Направени се многу истражувања на тетовирани луѓе и поглед на општеството во однос на тетоважите. Во јуни 2006година, Весникот на Американската дерматолошка агенција ги објави резултатите од телефонска анкета од 2004 г.Произлезе дека 36% од американците на возраст од 18-29, 24% од 30-40 г. и 15% од 41-51год имаат тетоважи. Во септември, истражниот центар Пев, спроведе телефонска анкета од која произлезе дека 36% од Американците на возраст од 18-25 г., 40% од нив меѓу 26-40 год и 10 % од нив меѓу 41-64 имаат тетоважи. Во јануари 2008 год, онлајн анкета од страна на Харис Интерактив процени дека 14% од возрасните во САД имаат тетоважи, со пад од 2003 г. кога 16% имале тетоважи. Најголем дел од тетовирани луѓе има кај хомосексуалната популација, лезбејки и бисексуалци (25%) и луѓето кои живеат на запад(20%). Кај возрасните групи, 9% помеѓу 18-24 г. ,32% меѓу 25-29год, и 25% меѓу 30-39 г. и 12% меѓу 40-49 г. имаат тетоважи, како и 8% на возраст од 50 -64 г. Само мал процент повеќе мажи имаат тетоважи од жените(15% vs 13%) Негативни мислења Во Јапонија, тетоважите се поврзуваат со јакузите, особено тетоважите низ целото тело направени на традиционален Јапонски начин (Тебон). Некои јавни јапонски бањи и гимназии често ги забрануваат оние кои се обемно тетеовирани или пирсани во обид да се спречи навлегувањето на јакузата.

Во САД голем број на затвореници и криминални групи ставаат различни тетоважи да одбележат факти за нивното криминално однесување , затворски казни, и организациони припадништва. На пример, тетоважа во вид на солза, може да биде симбол за убиство, и секоја солза претставува смрт на пријател.Така, војниците во САД имаат добро позната историја на тетовирање со која се означуваат војни единици, битки, убиства итн, асоцијации кои остануваат распространети кај постарите Американци.Тетовирањето е често и кај Британските воени сили.

Иако досега оваа култура или подкултура ја покажува широката популарност на тетоважите кај популацијата, тие сепак сѐ уште се поврзувани со криминалност. И иако прифатеноста на тетоважите е во пораст кај западните општества, сепак кај одредени групи сѐ уште се срам.Порастот на жени во индустријата за тетовирање, се чини ги намалува негативини погледи. Преку истражувањето "ризик" адолесцентни девојки ја покажуваат позитивната врска на украсување на телото и негативните мислења во врска со телото и самодоверата. Сепак,се покажува и голема желба за украсување на телото и потрагата по самоконтрола и обиди за самовладеење на телото во време на зголемено душевно пореметување”. Религиозни погледи Христијанство