Блерим Џемаили (албански: Blerim Xhemaili, роден во , ) — швајцарски фудбалер со македонско потекло, играч од средниот ред на Монтреал Импакт на заем од Болоња.
Животопис
Џемаили е роден на 12 април 1986 година во Тетово, Македонија. Како многу мал ја напуштил Македонија и родното Боговиње, и се иселил во Швајцарија заедно со своето семејство. Фудбалската кариера ја започнал во младинските екипи на нисколигашите во Швајцарија. Неговиот талент веднаш е забележан, па така на 16 години потпишува за ФК Цирих, каде настапува од 2002 до 2007 година. Во последните две години, освои два трофеи со својот клуб. Во февруари 2007 година, потпишал прелиминарен договор со Болтон, каде што играл до 2009 година. Потоа преминува во ФК Торино, за веднаш потоа да премине во Парма. За швајцарската репрезентација има настапено 13 пати (состојба 2009).
Статистика СезонаКлубИгриГолови2003-2004 - ФК Цирих3022004-2005 - ФК Цирих2612005-2006 - ФК Цирих3232006-2007 - ФК Цирих2332007-2008 - Болтон002008-2009-ФК Торино130
Наводи
Надворешни врски
Bolton Wanderers Profile at Burnden Aces Player profile FC Zürich stats
Категорија:Боговиње Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Македонски Албанци Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Цирих Категорија:Фудбалери на ФК Болтон Вондерерс Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Монтреал Импакт Категорија:Живи луѓе